Клучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоции

Клучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоции

Живееме во свет со многу „лица“. Сите се претставуваме на различен начин пред различни луѓе. Понекогаш нашиот обид да го обликуваме сопствениот карактер според туѓите очекувања дава спротивен ефект. Не можеме да направиме разлика помеѓу она што навистина сме и она што се обидуваме да го прикажеме.

Клучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоции

Овој проблем настанува кога не ви е пријатно во своја кожа. За да живеете среќен и исполнет живот, мора да ги разберете и прифатите вашите најмрачни емоции. Ако ги закопувате длабоко во себе, нема да решите ништо, бидејќи порано или подоцна тие ќе излезат на површина. Вештината за прифаќање се развила благодарение на ориенталната филозофија.

Науката исто така сфатила колку е важно прифаќањето кога станува збор за голем број проблеми поврзани со депресија и анксиозност. Според психолозите, прифаќањето не подразбира обид за промена на нашите чувства, туку обид за одржување контакт со емоциите и нивно прифаќање.

Некои истражувања покажале дека прифаќањето на најмрачните емоциите не доведува до среќа, но ја зголемува нашата способност за справување со емоционалните стресови. Освен тоа, прифаќањето е поврзано со целокупното ментално здравје кога се користи во битка против негативните емоции.

Прифаќањето им помага речиси на сите луѓе и не е ограничено на специфична социоекономска или расна група. Луѓе со различни потекла можат подеднакво успешно да се справат со нивните емоционални проблеми користејќи ја техниката на прифаќање. Исто така, оваа техника не мора да се користи само во случај на сериозна емоционална вознемиреност, туку може да послужи и кај ситните негативности. За да има најголем ефект, најдобро е да стане дел од вашиот секојдневен живот.

Крајните резултати по ова прашање биле добиени благодарение на едно истражување составено од 3 дела:

  • Во првиот дел биле испратени 1.000 прашалници на студенти. Прашањата се фокусирале на психичкото здравје и емоционалната стабилност. Резултатите биле позитивни, бидејќи покажале дека студентите кои редовно ја практикувале техниката на прифаќање имале помалку негативни емоции и подобра благосостојба.
  • Во следното истражување, 156 луѓе биле ставени во стресна ситуација. Тие морале да одржат 3-минутен говор преправајќи се дека тоа е дел од интервју за работа. Луѓето кои биле поотворени кон прифаќањето, постигнале подобри резултати. Испитаниците биле избрани на таков начин што повеќе од половина од нив имале доживеано голем негативен стрес во последните неколку месеци.
  • За последното истражување, истражувачите побарале од 222 луѓе да водат дневник во кој ќе ги запишуваат ситуациите што им предизвикале најголем стрес во текот на повеќе од 2 недели. Луѓето кои редовно ја практикувале техниката на прифаќање во минатото успешно ја завршиле задачата. Нивните записи во дневникот откриле дека стресните настани ги доживеале многу смирено и опуштено. Тие можеле да се справат со ситуацијата.

Клучот за психичкото здравје се крие зад прифаќањето на вашите најмрачни емоции

Пробајте да ѝ одолеете на потребата од тоа да се стремите кон наоѓањето среќа

Многу е важно да ги одредите границите на прифаќањето. Самиот збор значи дека треба да ја прифатиме суровата реалност, на пример, да разбереме дека смртта е нешто сосема нормално и неизбежно. Меѓутоа, прифаќањето не значи дека треба да ги прифаќате туѓите грешки. Неприфатливо е да дозволувате да се случуваат неправди. Не смеете да ги толерирате неправдите.

Негативните работи во животот се неизбежни и мора да разбереме дека нема да можеме да ги одбегнеме само ако се фокусираме на позитивните работи. На пример, луѓето постојано умираат и заминуваат од нашите животи. Ако сме навикнати само на позитивните мисли, ваквата реалност ќе нѐ погоди уште повеќе кога ќе се случи, а сигурно ќе се случи еден ден.

Додека се обидуваме да се држиме подалеку од негативните емоции, не смеете да јуриме кон позитивните, бидејќи тоа ќе го наруши нашиот мир и спокој. Најдобро е да ја прифатите вашата состојба и да ја разберете вашата ситуација за да си го зачувате менталното здравје.

Прочитајте ги и овие 10 начини да го подобрите вашето ментално здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар