Кефир диета: Инстант детоксикација и слабеење
За 3 дена – 2 кг помалку!
Зошто кефир?
Диетите со кефир се многу популарни пред сè затоа што тој претставува многу здрава и хранлива намирница, која се користи и за терапевтски цели.
Домашниот кефир е многу подобар од купечкиот, а можете и сами да го направите. Помага во борбата против остеопорозата и остеоартритисот, ја подмладува кожата, ја подобрува состојбата на косата и ноктите, а што е најважно – содржи ниско ниво на јаглехидрати.
Докажано е дека помага дури и во борбата со депресијата.
Кефирот во себе содржи многу минерали и витамини, како витамин Д, а исто така е богат и со калциум и содржи високо ниво на протеини.
Кефирот е одличен диуретик, го помага варењето на храната, го регулира нивото на бактериите во цревата и воспоставува рамнотежа на цревната флора.
Некои експерти тврдат дека кефирот помага и во борбата против ракот и малигните клетки.
Докажано е дека го намалува нивото на холестерол во крвта.
Пример за 3-дневно мени:
Онаму каде што е дадена повеќе од една опција, изберете ја варијантата што најмногу ви одговара.
Појадок:
1. Кајгана од 2 јајца, салата од мали краставички и кафе со лажичка млеко
2. Гриз или палента со кисело млеко
3. Јајце, 1 тост лепче со путер и чај со мед
Ужина:
3 дл домашен кефир во вид на овошен јогурт
Ручек:
1. Пилешка супа, варени моркови, 100 г пилешко бело месо, салата од цвекло и парче леб
2. Супа од печурки, 3 дл манџа од месо и зеленчук и салата од свежа зелка
Ужина:
3 дл домашен кефир
Вечера:
1. 150 г риба на скара, зелена салата, чај
2. Големи печени компири и чај со мед