Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Сигурно вашето искуство ви покажало дека различни причини предизвикуваат различен начин на опивање и различна тешкотија при мамурлакот. Причините најчесто се различни кај секого. Секој различно поднесува алкохол, но покрај заморот и гладот има и некои други показатели кои можат да ви кажат колку брзо ќе се опиете вечерва и каков мамурлак ве очекува утре наутро.

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Обоени алкохолни пијалаци

Обоените алкохолни пијалаци како виски, коњак, ракија или црн рум ќе ве „наградат“ со најтешкиот мамурлак. Силината на мамурлакот зависи од количината на конгенери кои ги содржи пијалакот. Конгенерите се нуспродукти на ферментацијата на алкохолот. Тие му даваат на пијалакот потемна боја и посилен вкус, а во една чаша виски има дури 37 пати повеќе конгенери во споредба со вотката. Проблемот со нив е во тоа што тие се одговорни и за тешките главоболки ден по пијанењето. Една студија покажала дека луѓето кои пијат обоени алкохолни пијалаци имаат многу поголеми шанси да се разбудат со мамурлак во споредба со оние кои испиле иста количина на необоени пијалаци. Така заклучиле дека многу е полесно човек да се опие од виски отколку со вотка, а потоа следуваат и многу полоши симптоми на мамурлак.

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Необоени алкохолни пијалаци

Вотката, џинот и белиот рум ќе ви предизвикаат мамурлак, но нема да биде толку силен како со обоените алкохоли. Добрите вести се дека четири чашки џин нема да ви предизвикаат толку лош мамурлак како четири чашки коњак, па ќе можете да испиете уште некоја доколку навистина сакате толку многу да ве боли глава утредента.

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Пиво

Освен вообичаените симптоми на мамурлак, пивото ќе ви предизвика подуеност и гасови. Инаку тој не предизвикува толку страшен мамурлак како претходните пијалаци, но прави проблеми со телесната тежина. Како и при пиењето на каков било друг алкохол, црниот дроб мора да го согорува алкохолот наместо мастите и тоа придонесува за дебелеење, а покрај тоа пивото е многу покалорично од вотката и сличните пијалаци.

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Црвено вино

И црвеното вино содржи високо ниво на конгенери кои предизвикуваат тежок мамурлак. Лошата вест е што колку виното е поевтино и понеквалитетно, толку повеќе конгенери содржи. Друг проблем е тоа што црвеното вино може да направи да ви се спие уште додека се опивате, па можно е и да заспиете негде пред да стигнете дома ако претерате со него.

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Бело вино

Белото вино предизвикува сличен мамурлак како и необоениот алкохол, а исто така содржи состојки кои ќе ве направат поспани како и црвеното вино.

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

Шампањ

Шампањот не важи за пијалак кој дава големи главоболки кога ќе ве опие и тоа е точно. Но, кај него има еден друг проблем. Високото количество на јаглерод диоксид во него прави полесно да се апсорбира во крвта, а со тоа и побрзо да ве „фати“. Ако се одлучите за овој пијалак и претерате, веројатно ќе бидете првите кои ќе ја напуштат забавата поради пијанство.

Каков мамурлак ве очекува според алкохолниот пијалак со кој се опивате?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар