Како вашите деца можат да ви помогнат во извршувањето на домашните обврски?

Како вашите деца можат да ви помогнат во извршувањето на домашните обврски?

Вашите деца се поспособни отколку што мислите, затоа е време да ги научите на основните животни лекции.

Со толку многу нешта кои може да ги научат во денешниот свет на технологијата, децата пропуштаат да научат практични животни вештини, како што се: перењето облека, читањето мапи или пишувањето писма на хартија.

Според едно неодамнешно истражување, 58 проценти од децата на возраст од три до пет години, во САД, знаат како да ракуваат на паметни телефони, додека само помалку од 15 проценти знаат да си направат појадок, според информациите добиени од родителите.

Започнете да го учите вашето дете на овие животни вештини и еден ден тоа ќе ви биде благодарно.

1. Перење

Премногу тинејџери одат да студираат без да знаат како да ја исперат својата облека. Не дозволувајте вашето дете да стане едно од нив. Можете да го научите како се пере облеката уште од шестгодишна возраст.

Поминете низ целиот процес, од тоа како да се измери количината на облека и како да додадете детергент, до тоа како да изберете програма и да ја стартувате машината.

2. Пакување подароци

Децата сакаат да даваат подароци, а пакувањето ќе ги направи уште посреќни.

Предучилишните деца може да помогнат при сечењето и лепењето на хартијата, додека помалите деца може да го завиткаат подарокот со ваша помош, да ги отстранат цените од предметите, да пронајдат кутии со соодветна големина или да ставаат машнички.

3. Засадување растенија

Многу деца уште од градинка учат како да садат семе во градината, но не и како да пресадуваат растенија.

Витни Коен, една од авторките на книга за градинарски проекти за деца, споделува кратки и едноставни упатства:

  1. Побарајте од детето да ископа дупка малку поголема од садот во кој е растението.
  2. Извадете го растението од садот и ставете го во дупката, нежно земајте од почвата и полека ставајте во дупката.
  3. Вашето дете внимателно нека става вода од кантата за наводнување.

4. Ковење клинци

За да го научите вашето дете да го прави тоа, користете парче меко дрво како бор, топола или кедар. Ако имате можност, ставете го дрвото на масата или пак, поставете го на земја.

Изберете клинци со широка глава. Првично, вие ќе треба да го „започнете” секој клинец.

Кога вашето дете ќе биде подготвено, можете да го наместите клинецот низ мало парче картон за тој да се задржи на своето место додека детето пробува да го закова во дрвото. Притоа на вашето дете треба да му се заштитени прстите.

Откако ќе го совлада тој метод, нека се обиде самостојно. Бидете подготвени на тоа да го удри палецот неколкупати, пред да ја совлада техниката.

5. Пишување писма

Научете ги постарите деца како правило да пишуваат писма. На тој начин ќе го извежбаат и својот ракопис, а ќе научат и креативно да се изразуваат. Важно е да најдат непознато другарче за допишување. Вие може да им предложите како да го најдат.

6. Подготвување едноставни оброци

Поканете го детето да ви помогне да подготвите оброк. Вклучете го и него додека готвите, на пример, може да стави брашно или да скрши јајце. Овошниот јогурт е многу добра идеја за појадок што може да ја подготви само. Предучилишните деца може да стават во чинија неколку лажици јогурт и да додадат претходно измиено и исечкано овошје.

Со деца на возраст од пет години и постари може да подготвите сендвичи со насмевки од кечап. На седум или осумгодишна возраст, вашето дете може да се обиде да стави пица да се пече или да направи едноставна салата.

Од десетгодишна возраст, децата може да го користат шпоретот под надзор.

Фокусирајте се на безбедноста во кујната додека тие не стекнат навики и можеби ќе имате врвен млад готвач дома.

7. Како да се справат со раните стекнати при играње

Преку игра со кукли или мечиња, научете ги децата што треба да прават кога ќе се повредат. Тоа добро ќе им дојде кога ќе бидат сами.

Научете ги како да ја избришат раната со алкохол, како да го сопрат крвавењето и како да стават завој или фластер.

8. Чистење на бањата

Тоа би можело да биде задача за поголеми деца. Тие може со марамче за дезинфекција да ја избришат даската од ве-це шолјата или капакот, но замолете ги потоа темелно да си ги измијат рацете.

Децата може и да ја исчистат ве-це шолјата со нетоксично средство за чистење како сода бикарбона и оцет.

Можеби ќе ви биде интересно да прочитате и за 3-те животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар