Како природно да го зголемите и заоблите вашиот задник?
Запомнете дека вие сте тоа што јадете, па ако сакате да го затегнете вашиот задник, правилната исхрана е исто толку важна колку и вежбањето. Погледнете некои вредни совети кои ќе ви помогнат да го „изградите“ совршениот задник за кој отсекогаш сте сонувале.
Основни совети
Зголемувањето на вашиот задник без вежбање е невозможно. За да ја постигнете вашата цел треба да ги следите овие 2 фази:
- Вежби за зајакнување на мускулите на задникот
- Вашата исхрана после вежбањето, за време на обновувањето
После вежбањето, вашите мускули се во фаза на обновување, па од голема важност е да ја изберете вистинската храна за вашиот задник да се зголеми.
Не заборавајте го ова едноставно правило: Ако сакате да ја зголемите вашата тежина, треба да јадете повеќе. Ако сакате да го зголемите вашиот задник, треба да јадете редовно.
Вишокот од сè не е добар, па затоа не претерувајте со внесување протеини и јаглехидрати бидејќи можат да му наштетат на вашето здравје.
Треба да јадете барем една порција овошје дневно, иако дневната препорака е помеѓу 3 и 5 порции дневно.
Следува храната која ќе ви помогне во зголемувањето на вашиот задник, како и некои вежби за истата намена…
Протеини
Ако веќе имате воспоставено рутина за вежбање, ви препорачуваме да испиете протеински шејк после секој тренинг. Неколку природни извори на добри протеини се јајцата, мисиркиното месо, пилешкото месо, мешунките, сирењето, посното црвено месо и сите видови риба (но, да не се пржени).
Јаглехидрати
Заменете ги белиот леб и тестенините со интегрални алтернативи. Јаглехидратите што ви помагаат да ја одржувате мускулната маса се киноа, кафеав ориз, овес, интегрални житарици, сладок компир и кускус.
Масти
За разлика од лошите масти, добрите масти имаат многу здравствени придобивки. Тие исто така ви помагаат да го оформите вашето тело, па дури и да ослабнете. Најдобри извори на здрави масти се рибиното масло, маслиновото масло, бадемите, лешниците и путерот од кикирики.
Зеленчук
Фокусирајте се на зеленчуци кои се богати со антиоксиданси, како што се брокулата, спанаќот и кој било друг зелен зеленчук. Од нив можете да јадете колку што сакате.
Вежби
Запомнете дека без вежбање нема да има резултати, па дури можете и да се здебелите. Вашата рутина за вежбање треба да содржи чучнувања, мост и исчекор.
Исчекор
Застанете исправено и раширете ги нозете колку колковите. Направете голем чекор напред, прво петата, и полека спуштете го вашето тело виткајќи ги двете колена. Не заборавајте да го држите грбот исправен и не ги виткајте колената повеќе од 90 степени. Потоа повторете го исчекорот со другата нога.
Мост
Легнете на грб. Поставете ги рацете покрај телото и свиткајте ги вашите колена. Вашите стапала треба да бидат оддалечени колку ширината на рамењата. Подигнете ги колковите од земјата и стегнете го вашиот задник додека грбот ви останува исправен. Издишете додека го правите овој дел и задржете ја положбата неколку секунди. Вдишете додека се враќате во почетната позиција.
Погледнете ги и овие 3 вежби за совршено обликуван задник.