Како правилно да гo исчистите аспарагусот и кои се најчестите грешки што ги правите

Како правилно да гo исчистите аспарагусот и кои се најчестите грешки што ги правите

Tенка e линијaта помеѓу најдобриот пролетен деликатес и храната што никој нема да ја јаде затоа што не сте го исчистиле или не сте го подготвиле добро аспарагусот. Во продолжение прочитајте кои грешки треба да ги избегнувате ако сакате да подготвите вкусно јадење со аспарагус.

Како правилно да гo исчистите аспарагусот и кои се најчестите грешки што ги правите

Не го чистите правилно аспарагусот

Цврстиот дел од аспарагусот не се јаде, а ако се обидете да го подготвите овој зеленчук без соодветно чистење, ќе добиете јадење што не може да се јаде. Свиткајте го аспарагусот додека не пукне на делот каде што задебеленото стебло се претвора во мек врв. Отстранете го тврдиот дел и користете ги само меките делови.

Претерувате со термичката обработка

Аспарагусот не бара долготрајно готвење, затоа не претерувајте со термичката обработка. Ако сакате да го готвите во вода, ќе ви требаат три до пет минути во зависност од дебелината на самата храна. Исто така, ќе ви бидат потребни неколку минути за да го запржите во тава или да го готвите на пареа.

Ќе добиете посебен вкус ако го ставите аспарагусот во рерна. Посипете го со маслиново масло, сол, бибер и малку рендана кора од лимон, па ставете го во рерна на 220 Целзиусови степени околу десет минути.

Не користите мраз по готвењето

Зелениот зеленчук ја губи својата боја ако се готви подолго време. За да ја задржите свежината на природната боја колку што е можно подолго, по 1-2 минути по готвењето ставете го во „ледена бања“, со ладна вода и коцки мраз.

Прочитајте зошто диетата со цимет е моментално најпопуларна во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар