Како правилно да ги подвиткате фармерките?
Подвиткувањето на фармерките може да изгледа како наједноставната работа на светот, но ако притоа направите грешка, тие ќе ја загубат формата и ќе изгледате полошо. Следете ги овие совети за да не ви се случи тоа.
Стеснување на широки фармерки
Ако сакате фармерките кои се широки во долниот дел да ги направите позалепени за вашите нозе, фатете го вишокот и прилепете го кон зглобот, а потоа подвиткајте ги нагоре така што тој нема да излезе од местото каде што е сместен.
Фармерки со опшиен раб
Овој тип фармерки треба да се подвитка на класичен начин. Фатете го долниот раб и превиткајте околу 2-3 сантиметри нагоре, а ако е потребно повторете го тоа уште еднаш. Двојното подвиткување најдобро изгледа на фармерки со дебел опшиен раб и не стои добро ако носите патики. Самите треба да процените дали треба да ги подвиткате еднаш или два пати, но секако тоа треба да го сторите со едноставно подвиткување нагоре.
Не претерувајте
Никогаш не подвиткувајте повеќе од два пати. Овие трикови можат да го направат вашиот изглед посреден, но фармерките ќе ја загубат формата доколку подвиткате повеќе од два пати.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.