Како правилно да ги миете и одржувате скапите чаши за вино?

Како правилно да ги миете и одржувате скапите чаши за вино?

Нема ништо потажно од скршена чаша за вино од две причини: како прво, морате да го исчистите настанатиот неред, а како второ, таа можеби ви ја нудела последната шанса за уживање во виното после напорниот ден. Во продолжение ви ги откриваме четирите најголеми грешки кои ги правите при миењето на вашите ценети чаши за вино.

1-kako-pravilno-da-gi-chistite-skapite-chashi-za-vino-www.kafepauza.mk_

1. Ги држите за дршката

Тоа е најтенкиот и најчувствителен дел од чашата. Додека ја миете, најдобро е да ја држите за горниот дел, бидејќи таму е доста поцврста. Плус, кога ќе ви стане лизгава под млазот вода, ќе ви биде потребен цврст стисок.

2. Ги миете со врела вода

Ве разбираме, сакате стаклото да биде чисто, блескаво и без бактерии. Но, премногу жешката вода може да предизвика пукање на деликатното стакло. Наместо тоа, прилагодете ја водата да биде млака.

3. Користите детергент со мирис

Знаеме дека го обожавате оној сјај со мирис на лимон, но доколку го користите на чашите за вино, постои шанса да го загрозите вкусот на виното следниот пат кога ќе ја употребите. Имаме подобар план: изберете опција без мирис!

4. Ги оставате чашите да се сушат на воздух

Откако ќе ги измиете, секогаш ги оставате сами полека да се исушат на воздух. Но, ако имате тврда вода, минералите може да остават отпечатоци од капки вода на нив. Наместо тоа, секогаш пребришувајте ги со крпа или пешкир од микрофибер за да изгледаат блескаво и чисто.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар