Како правилно да ги избирате производите за нега на кожа?

Како правилно да ги избирате производите за нега на кожа?

Најважниот чекор при купувањето козметички производи е нивното одбирање соодветно со типот и потребите на вашата кожа. Секогаш купувајте производи според видот на кожата на лицето и внимавајте со каква намера ги купувате.

Како правилно да ги избирате производите за нега на кожа?

Одредете го типот на вашата кожа

Постојат 5 основни видови кожа на лицето, и тоа: нормална, комбинирана, мрсна, сува и чувствителна. Но сепак, видот на кожата може да варира и да се промени поради одредени причини и околности.

Сува кожа – Оние со ваков тип кожа, немаат проблеми со акни и црнки на лицето, но имаат големи проблеми со  хидратирањето на кожата, бидејќи многу креми веднаш се впиваат во неа непокажувајќи резултати на  влажност на лицето. Кожата најчесто ја чувствуваат сува и надразнета. На овие лица им се препорачува често пиење вода и користење козметички производи кои ù даваат влажност на кожата. Доколку имате сува кожа, не користете камена пудра, ниту коректори во стик, зашто на овој начин придонесувате за дополнителна сувост.

Мрсна кожа – кожа со сјајна текстура, пори на лицето, склона кон создавање акни дури и во подоцнежните години од животот. Но затоа, оние со мрсна кожа полесно го одржуваат младешкиот изглед на лицето. Им се препорачува користење козметички производи на база на тревки и алги, како и редовен пилинг на лицето.

Комбинирана кожа – комбинираната кожа резултира со сјајна т-зона (носот и челото), додека останатиот дел од кожата на лицето е посув. Но тоа не мора да значи дека треба да користите различни производи за одредени делови од телото, па затоа одберете матирачки тоници и креми за комбинирана кожа.

Нормална кожа – кожата е лесна за одржување, не е склона кон создавање акни, ниту пак е премногу сува. Жлездите лачат доволно масленост за кожата да постигне баланс. Оваа кожа изгледа енергична и хидратирана. Но тоа не значи дека не бара редовна нега, туку бара помалку време и козметички производи за одржување.

Осетлива кожа – осетливата кожа може да биде нормална, мрсна, комбинирана или сува, па затоа бара дополнителна нега. Оваа кожа е склона кон алергиски реакции и често бара посебни третмани. Реагира на какви било промени од околината како и на неквалитетни козметички производи. За одбирање производи за нега, препорачливо е да се консултирате со дерматолог и да користите медицински производи.

Тестирање на типот на кожата – Најлесно може да откриете каков е вашиот тип кожа со помош на марамче. На исчистено и суво лице, притиснете обично суво марамче и по кратко време видете ја неговата реакција. Марамчето може да има маслени остатоци или да е потполно суво. Направете го овој мал тест на кожата на образите и на кожата на челото со употреба на различни марамчиња.

Како правилно да ги избирате производите за нега на кожа?

Дефинирајте со каква намера го купувате производот

За омекнување и потхранување, одберете производи чии главни состојки се: мед, млеко, путер или јаткасти плодови.

За регенерација на кожата, чистење и хидратација, се препорачуваат производи чии состојки се базирани на морски алги, зрнесто овошје, краставица или лимон.

За ослободување од токсини, најефективни се покажале производите со морска кал.

За измазнување на лицето, добри се производите со саќе, млеко или ориз.

За сува кожа, користете производи од медитеранот, а за подмладување на кожата се препорачуваат производи чии состојки се базирани на разни чаеви и тревки.

Со употреба на продуктите кои секојдневно се среќаваат во вашите домови, многу лесно може да направите домашни третмани за нега на вашата кожа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар