Како обликот и големината на вагината можат да влијаат на оргазмите?

Како обликот и големината на вагината можат да влијаат на оргазмите?

Сè уште не се зборува многу на оваа тема, но благодарение на научниците тоа полека се менува. Жените долго се срамеа да поставуваат одредени прашања за своето тело, како и за сексуалноста, но како што минува времето, така сè повеќе информации има на оваа тема. Токму затоа и денес го споделуваме ова интересно истражување што било спроведено на медицинскиот факултет во Индијанаполис.

kako-oblikot-i-goleminata-na-vaginata-mozhat-da-vlijaat-na-orgazmite-www.kafepauza.mk

Истражувањето што било објавено во „Medical Express Report“ потврдило дека обликот на женската вагина е поврзан со достигнувањето оргазам. Научниците од одделот за анатомија откриле дека жените чии клиторис и мочен отвор се многу близу едно до друго, имаат поголеми шанси да доживеат оргазам за време на сексот. Спротивно од тоа, жените чиј клиторис е пооддалечен од мочниот отвор многу тешко постигнуваат оргазми. Тука треба да се каже дека и бројот на овие жени е значително помал.

Еден научник од Институтот Кинси, што се занимава со истражувања за сексот, полот и репродукцијата, тврди дека идеалната оддалеченост е 2,5 сантиметри. Кога ова е случајот, жените можат да доживеат повеќе и поинтензивни оргазми во текот на односот. Од друга страна пак, оние жени чии клиторис и мочен отвор се на поголема раздалеченост, потешко доживуваат вагинален оргазам бидејќи пенисот не може оптимално да го стимулира тој дел. Ако пак оддалеченоста е помала од идеалната, научникот тврди дека жената треба да биде одозгора за да компензира и подобро да може да го стимулира клиторисот.

Можеби ги имате искусено, а можеби не: 9-те оргазми кои ги доживува жената!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар