Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?
Кога не се сакате доволно себеси не можете да очекувате некој друг да ве сака, па оттука лесно може да дојде до раскинување на врската и уништување на секоја можност за љубов. Ако не можете да најдете љубов и се прашувате што не е во ред со вас – одговорот можеби лежи во тоа дека не се сакате доволно себеси. Во продолжение дознајте дали тоа важи и за вас преку следните ставови и однесувања.
1. Скептични сте кон луѓето кои јасно покажуваат интерес кон вас
Мислите дека тие веројатно сакаат само секс или нешто кријат што ќе излезе на површина по некое време. Тоа покажува дека се сомневате дека некој може да има искрени чувства кон вас.
2. Сè сфаќате лично
Ако некој ве осуди, се чувствувате виновни. Ако некој ве игнорира, исто така мислите дека е ваша вина. Ако на некој не му се допаѓате, повторно сметате дека за тоа сте виновни вие. Според вас, за туѓото негативно однесување кон вас сте виновни само вие и никој друг.
3. Претерано анализирате и барате каде сте згрешиле
Иако состанокот поминал добро, сепак детално ќе го анализирате секој момент сè додека не го најдете она што не било добро. Тоа нема да ги смени работите и ќе ве натера само да се чувствувате лошо.
4. Немате високо мислење за себеси
Сметате дека не сте убави и привлечни (сметате и дека не сте ни грди), но сигурни сте дека не се доволно добри за некој што ви се допаѓа, па затоа заклучувате дека нема смисла да се обидете.
5. Се чувствувате поразени
Чувствувате пораз кога ќе откриете дека поранешните партнери на личноста која ви се допаѓа изгледаат многу подобро од вас и оставаат подобар впечаток. Тоа ве прави потиштени и повлечени во себе, без можноста да се истакнете.
6. Се чувствувате ограничени
Чувствувате дека не можете да се изразите себеси. Не можете ни да замислите да привлечете некого ако му дозволите да види колку сте несигурни, па затоа се преправате дека сте среќни. Всушност, се преправате дека сте некој друг, а тоа е единственото нешто што ве спречува да го искажете вистинското „јас“.
7. Постојано размислувате за разочарувањата од претходните врски
Не можете да се помирите со лошите искуства од минатото, па затоа се плашите дека одново ќе ви се случат истите работи.
8. Секогаш сте загрижени за впечатокот што го оставате
Наместо да се фокусирате на комуникацијата со некој што ви е привлечен, вие се грижите дали сè е во ред со вас (фризурата, облеката итн.) и на тој начин ја пропуштате можноста да се опуштите и да уживате во флертувањето.
9. Праќањето пораки ви задава маки
Ако не ви одговори веднаш, претпоставувате дека нешто сте згрешиле, не се осмелувате први да контактирате некого затоа што верувате дека тоа би му било непријатно… Крајниот резултат е губење контакт со луѓе и повлекување во себе.
10. Ве привлекуваат погрешни типови
Потсвесно се саботирате себеси со тоа што се обидувате да им пристапите само на оние кои се недостапни, ладни и далечни бидејќи сметате дека не заслужувате ништо подобро.
11. Не умеете да прифатите комплимент
Ако некој ви каже нешто убаво или ве пофали, вие се срамите.
12. Не умеете да ги истакнете своите доблести
Во разговорот со другите речиси и никогаш не зборувате за вашиот личен успех и работите што сте ги постигнале во животот. Наместо тоа, избирате неутрални теми при што не дозволувате другата личност да види колку сте успешни.
13. Не верувате дека некогаш ќе ја пронајдете вистинската љубов
Ако продолжите да верувате дека засекогаш ќе бидете сами, најверојатно и тоа ќе се случи. Треба да најдете начин да ја зголемите самодовербата, да ги цените вашите вредности и да ја негувате мислата дека го заслужувате најдоброто.
Откако прочитавте како недоволната љубов кон себеси може да влијае врз вашите љубовни односи со партнерот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 30-те знаци дека имате ниска самодоверба и треба да научите да се сакате себеси.
Извор: wannabemagazine.com