Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

Викендите ги користиме за максимално релаксирање и по можност бегање од градските гужви. Но поради разни прилики понекогаш сме приморани да понесеме повеќе козметички препарати кои може да зафатат многу место. Еве како практично да се спакувате истовремено заштедувајќи простор, но и понесувајќи го со себе сето она што ви е потребно.

Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

Започнете со прецизен список за пакување

Најважно е да бидете организирани. Запишете ги најосновните работи кои ви се потребни со цел да не заборавите ништо и да не понесете со себе работи кои непотребно ќе ви зафаќаат место.

Коректорот во стик е задолжителен

Ќе ви помогне да ги прикриете темните кругови околу очите. Патувањето е напорно, па затоа и коректорот е секогаш добредојден. Може да ве спаси од многу неочекувани ситуации како појава на акни или подочници, а може и да ја замени пудрата.

Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

Трикот со четките за шминка

Она што ќе ви биде потребно е една голема четка за нанесување пудра или руменило, една четка за сенки и четка со закосени врвови со помош на која ќе ја нанесете црната сенка како моливче или туш за очи.

Компактна пудра

Доколку имате потреба од пудра, мудро е да вложите во компактна пудра со огледалце. Зафаќа помалку простор и е многу практична. Одберете камена пудра доколку имате мрсна кожа или потечна доколку имате сува кожа.

Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

Играта на сенките за очи

Иако се викаат сенки за очи, не се само за очи. Паметен начин за заштеда на простор е купувањето повеќе нијанси во едно пакување. Обрнете внимание да бидат застапени следните нијанси:

  • Бела или шампањ боја за да ги нагласите веѓите и јаболчниците на образите.
  • Сенка која се совпаѓа со бојата на вашата коса со чија помош ќе ги нагласите и ќе им дадете форма на веѓите (сторете го ова со четката за сенка).
  • Сенката во крем боја може да ја искористите за нагласување на контурите на носот.
  • Розова или праска боја наместо руменило.
  • Одберете боја на сенка која ќе ви послужи како основа и нанесете ја на целата површина по очните капаци. Вака ќе им дадете сјај на очите и ќе постигнете природен изглед. За ваква примена искористете светло кафеава боја или боја на праска.

Како најпрактично да ја спакувате козметиката за викенд-патување?

Спакувајте мостри и мини примероци

Мострите на кармини се совршени за патување. Не ви зафаќаат многу простор, а ја вршат истата функција. Исто, доколку сте во можност снабдете се со мостри од вашиот омилен парфем наместо да понесете цело шишенце. Мини примероците на шампон, регенератор, гел за туширање и лосион за тело навистина ќе ви завршат работа за викенд-патување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар