Како емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска?

Како емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска?

Да се биде жртва на емоционална манипулација е болно искуство кое може да остави последици за цел живот за кои понекогаш жртвата не е свесна. Во продолжение прочитајте како таа влијае врз жените и начинот на кој тие ја искажуваат својата љубов кон партнерот.

Како емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска?

Немаат самодоверба

Жената жртва на емоционална манипулација по доживеаното искуство најчесто се соочува со низок степен на самодоверба и не знае во што да верува. Затоа, партнерот треба да ѝ помогне да ја поврати својата самодоверба, но и вербата во другите.

Не им веруваат на своите партнери

Со оглед на тоа дека веќе била изманипулирана, ќе биде навистина тешко за жртвата одново да почне да им верува на другите. Тоа значи дека партнерот треба да биде особено трпелив бидејќи ќе биде потребно време жртвата да воспостави доверба кон него.

Тие копнеат по посветеност и сигурност

Лошото искуство предизвикува жртва да се чувствува долго време несигурно и нестабилно. Затоа, таа ќе бара посветеност и сигурност од новиот партнер за одново да се почувствува среќно и безбедно.

Недоверба во врската

Ќе има моменти кога жртвата ќе се сомнева во љубовта на партнерот и во фактот дека сега, за разлика од порано, има партнер кој ја сака и ја почитува.

Тие се благодарни за сите мали нешта

Жената жртва на емоционална манипулација ќе биде вистински благодарна за секој мал гест на љубов и добрина од нејзиниот партнер.

Тие се лојални

Жените кои биле емоционално манипулирани имаат тенденција да им бидат крајно лојални на мажите кои им ја враќаат вербата во љубовта.

Откако прочитавте за влијанието на емоционалната манипулација, можеби ќе сакате да прочитате и како да препознаете доколку некој манипулира со вас.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар