Како ефикасно да се ослободите од овој летен бјути проблем кој го мразат сите жени?
Плажа, море, базен, сол, сонце… Сето тоа е вистинско мачење за вашата кожа, па правилната хигиена и нега се исклучително важни во текот на овие летни месеци. Веруваме дека барем еднаш во животот сте се сретнале со овој проблем. Денес ви откриваме неколку корисни совети за решавање на еден од најголемите и најдосадните летни бјути проблеми – мозолчиња на задникот, кои се создаваат заради мртвите клетки на кожата и бактериите. Но, овој проблем не е само летен, а особено ги погодува жените кои редовно вежбаат, заради потењето и тесните хеланки кои ги носат додека се физички активни. Но, и оние жени кои не вежбаат не се поштедени од овој проблем. Во текот на летото тие полесно се забележуваат, па заради тоа и ви пречат. Ви откриваме неколку корисни совети како да се ослободите од нив.
1. Туширајте се со производи кои содржат бензоил-пероксид
Оваа состојка обично се наоѓа во производите за масна кожа која е склона кон акни. Таа делува така што ги исушува масните клетки на кожата, па акните исчезнуваат.
2. Редовен пилинг
Кога правите пилинг на целото тело немојте да го заборавате и ова подрачје. Така ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата. Доволно е да правите пилинг два пати неделно.
3. Отворете ги порите со салицилна киселина
Затворените пори на задникот најдобро ќе ги отворите со салицилна киселина, која се наоѓа во производите против акни, а што делува на кожата на лицето, ќе делува и на овој дел од телото. Доволно е да нанесете неколку пати неделно.
4. Лосион со млечна киселина
После правилното чистење, многу е важно да ја хидратизирате кожата, но ова подрачје би било добро да го третирате со лосиони кои содржат млечна киселина кои нежно ќе ги отстранат мртвите клетки од кожата и ќе ја ослободат од акните, бидејќи класичните лосиони може да ги затворат порите, односно да направат поголема штета отколку корист.
5. Задолжително туширајте се после вежбањето
Никако не прескокнувајте го туширањето после тренингот, а би било посебно добро тоа да го направите веднаш штом завршите со вежбање. Одењето во испотени хеланки ќе направи уште поголема штета.
Доколку се борите со горештините, погледнете кои правила ќе ви помогнат полесно да ги преживеете претерано топлите летни денови.