Како да заштедите, а притоа да се храните здраво

Како да заштедите, а притоа да се храните здраво

Добрата исхрана е клучот за здрав ум и здраво тело. Сепак, здравата исхрана може да се одрази врз вашиот џеб, а токму затоа и таа е недостапна за семејствата со ниски приходи. Еве како можете да се храните здраво со ограничен буџет.

Како да заштедите, а притоа да се храните здраво

Гответе

Еден од најефикасните начини да заштедите е да готвите без разлика дали работите од дома или одите на работа. Доколку, пак, немате време, можете во недела да зготвите поголема количина која ќе ја ставите во фрижидер.

Купувајте од локалните пазари

Посетете го пазарот за овошје и зеленчук кој се наоѓа во ваша близина. Освен тоа, купувањето сезонски производи може навистина да ви помогне да заштедите.

Искористете ги сите намирници

Погрижете се максимум да ги искористите вашите намирници за да не фрлате ништо. Така, на пример, можете максимално да ја искористите зелката која ви е при рака па да направите чорба од зелка, да ја додадете во други јадења, или пак смуди. Бидете креативни!

Користете ги попустите

Понекогаш продавниците нудат големи попусти кои не смеете да ги пропуштите.

Подготвувајте ги оброците однапред

Сигурно не сакате да готвите по напорниот ден. Затоа, добро би било да одвоите еден ден од неделата за подготовка на оброците. Притоа, не заборавајте да додадете колку што е можно повеќе зеленчук и протеини.

Купувајте замрзнати производи

Купувањето замрзнато овошје и зеленчук е одличен начин да се храните здраво кога имате ограничен буџет. Замрзнатите производи се поевтини околу 30 проценти од свежите и траат многу подолго, а освен тоа тие се веќе спремни за употреба така што нема да губите време на сечкање.

Јадете помалку месо и млечни производи

Не заборавајте да вклучите веганска или вегетаријанска опција во вашето неделно мени. На пример, можете да го замените месото со тофу или веганско сирење. Ова може да биде одлична идеја со оглед на тоа дека цената на месото поскапува.

Откако ги прочитавте нашите совете за штедење, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те методи за штедење без одрекување.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар