Како да станете личност која никој нема да може да ја заборави?

Како да станете личност која никој нема да може да ја заборави?

Воспоставувањето квалитетни и долгорочни врски е една од најважните нешта за успех. Токму затоа и многу е важно да ве запомнат веднаш по запознавањето, но како би можеле да се истакнете од толпата и да бидете онаа личност која сите ја помнат? Експертите ги споделуваат следниве неколку паметни трикови со чија помош можете лесно да го постигнете тоа.

Како да станете личност која никој нема да може да ја заборави?

Интересни одговори на здодевни прашања

На сите оние прашања кои се поставуваат за време на работните настани, како на пример, „Како сте?“ луѓето имаат тенденција постојано да одговараат исто. Па, следен пат наместо да кажете дека сте добри, обидете се да дадете сè од себе и одговорете со позитивен, единствен и забавен одговор за тоа како сте и што моментално работите.

Прашувајте за љубов, не за работа

„Што правите?“ е добро прашање за лесен почеток на разговор кој брзо потоа ќе биде заборавен од личноста со која разговарате. Експертите препорачуваат наместо да поставувате ваков вид официјални и општо прифатени прашања, сменете ја темата и прашајте нешто малку поинакво. „Што сакаш да работиш?“ или пак, „Што уживаш да правиш?“ се само дел од прашањата кои ќе го натераат вашиот соговорник уште долго да ве помни.

Освежете го вашиот изглед

Сте забележале како голем дел од славните личност се појавуваат на црвениот тепих во нешто што изгледа апсурдно? Или како многу спортисти често имаат тетоважи или необични фризури? Тие сакаат на овој начин да се истакнат и да бидат добро запомнети. Но, не грижете се, вие не мора да носите облека која „пишти“ со цел да привлечете внимание. Понекогаш доволни се само необичен пар чевли, шешир или чанта за да го постигнете посакуваниот ефект. Тајната се крие во необичните модни детали и ситници.

Оставете ги да посакуваат повеќе

Попрво ќе се сетите на онаа личност која оставила мистерија зад себе, отколку на онаа која без престан зборувала и ја раскажала целата своја приказна. Кога ќе се запознаете со нова личност, споделете ја основата на вашата животна приказна, но ништо повеќе од тоа.

Внимавајте на првиот впечаток

Некој тоа би го нарекол основна култура. Оставете добар прв впечаток, односно запомнете го името на личноста со која сте се запознале така што ќе го повторите неколку пати за да ви се вреже во вашата глава. Исто така цело време бидете насмеани, воспоставувајте контакт со очите, бидете отворени и покажете искрено интересирање за луѓето околу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар