Како да станете една од оние девојки по кои момците полудуваат?

Како да станете една од оние девојки по кои момците полудуваат?

Не постои личност која не сака да биде посакувана, но како можете да го сторите тоа без притоа да добиете статус на „лоша девојка“? Погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да ги освоите момците и да бидете една од оние личности кои тие гордо би сакале да ја наречат своја девојка.

Како да станете една од оние девојки по кои момците полудуваат?

1. Скротете ја вашата луда страна

Мажите обожаваат да велат дека жените се луди, бидејќи тие жестоко се лутат ако чујат вакви коментари. Но, тоа некогаш воопшто не е далеку од вистината. Факт е дека токму момците се оние кои ве полудуваат, но целта е да ја надминете потребата за „луди“ реакции и да се обидете да делувате смирено во секоја ситуација. Ова е навистина тешко, но кога ќе успеете да го сторите тоа ќе станете многу подобра личност, како за себе, така и за мажите околу вас.

2. Престанете да размислувате за мислите на мажите

Истражувањата секојдневно ни покажуваат дека мажите размислуваат помалку одошто жените мислат. Проблемот настанува во моментот кога жените се обидуваат да откријат за што размислуваат мажите, мислејќи дека станува збор за нешто сериозно, а всушност тие може само да си вртат неповрзани зборови низ своите мисли во обид да си го опуштат мозокот.

3. Не ги заборавајте своите потреби

И жените имаат свои потреби, исто како и мажите, но понекогаш тие забораваат на нив и се обидуваат да ги задоволат само потребите на својот партнер. Тоа кај мажите може да предизвика чувство на гушење, а кај жените чувство дека нивните партнери не се грижат доволно за нив. Единствениот начин да се надмине овој проблем е доколку двете страни се погрижат најпрво за своите потреби, а потоа се насочат кон задоволувањето на потребите на другиот.

4. Борете се за себе

Ако тој е безобразен и прави нешта кои не ви одговараат, најлошото нешто што можете да го сторите е да го игнорирате и да глумите дека сè е во ред. Мажите кои навистина се грижат за вас искрено сакаат и вие да бидете среќни и задоволни, додека оние кои не се грижат за вас најчесто во сè ќе наоѓаат маани. Не ви е потребен ваков човек крај вас. Ако се изборите за себе, вие ќе ја зголемите вашата самодоверба која потоа како магнет ќе привлекува добри момци кон вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар