Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса?

Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса?

Навистина е здодевно да се мие косата секој ден. Доколку не сакате да го правите ова, можеби користите пудра или сув шампони за впивање на мастите кои се создаваат на коренот на косата. Белите пудри во прав се прифатливи за оние со светла коса, но темнокосите имаат проблем да ги скријат остатоците. Посоодветни се сувите шампони кои се доста скапи за толку честа употреба.

Можете многу лесно и евтино да си направите сами, сув шампон за третирање на косата измастена на коренот, кој покрај тоа што ќе ја впие маснотијата, ќе ви даде и малку волумен.

Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса?

Сув шампон за светла коса

Потребно е:
  • 40 грама пченкарно брашно
  • 50 грама сода бикарбона
  • 5-10 капки есенцијално масло (лаванда, црвен цитрон)

Ставете ги сите состојки во еден сад и измешајте убаво со виљушка. Префрлете ја смесата во тегличка и употребувајте стара четка за шминкање за да ја нанесувате на косата.

Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса? Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса?

Сув шампон за темна коса

Потребно е:
  • 40 грама пченкарно брашно
  • 50 грама какао
  • 5-10 капки есенцијално масло

Ставете ги сите состојки во еден сад и измешајте ги убаво. На крајот префрлете ги во тегличка, а може и во соларник за полесно нанесување.

Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса? Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса?

Како се користи сувиот шампон?

Земете со четката малку од смесата и тапкајте на коренот од косата. Ќе изгледате како да ви е сива косата, но не грижете се, остатоците ќе паднат. Оставете неколку минути да се впијат маснотиите и потоа исчешлајте се. Стилизирајте ја косата како што сакате.

Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса? Како да си направите сув шампон за светла и за темна коса?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Olivera Reply

    Testirano na kafeava kosa i navistina odlicno!
    Koristev bekutan pudra vo prav, no da se poznavase belo na kafeava kosa, a imase navistina odlicni efekti.

Остави коментар