Како да се стоплите во ладната зима?

Како да се стоплите во ладната зима?

Зимските месеци и ниските температури се особено тешки за оние кои имаат слаба циркулација во рацете и особено во нозете, но покрај специјално дизајнираните препарати, може да се стоплите и со неколку едноставни трикови!

Како да се стоплите во ладната зима?

1. Чај од ѓумбир

Ѓумбирот се користи со векови како зачин што ќе го загрее телото или ќе има термоген ефект. Термогениот ефект на храната е еден од метаболичките реакции на варењето, апсорпцијата и асимилацијата на храната. Топлината постојано се произведува во организмот како нуспроизвод на катаболизмот на храната.

Оваа ослободена енергија во телото може да се претвори во три форми: енергија за складирање хемикалии, енергија за надворешна работа и метаболичка топлина. И, само последната ни е потребна во зима повеќе од кога било.

2. Банана

Исто како ѓумбирот, и бананата има високо термогено дејство. Таа е полна со магнезиум, витамини од групата Б и растителни влакна, а комбинацијата на сето ова им помага и на тироидната жлезда и надбубрежните жлезди во регулирање на телесната температура. Една голема банана содржи десет проценти од потребната дневна количина магнезиум, како и значителна доза на витамин Б.

3. Спиење со чорапи

Иако на многумина им е незамисливо да спијат со чорапи дури и во зима или им пречи тоа чувство на нозете, тоа е еден од најбрзите трикови да ви биде топло цела ноќ.

4. Повеќе облека

Кога станува збор за облекување во зима, од мајките и бабите сме слушнале дека треба да се облекуваме повеќе.

Топлиот воздух циркулира помеѓу слоевите облека. Затоа ќе ни биде потопло кога ќе облечеме, на пример, лесна памучна маица и можеби шал или лесен џемпер отколку само масивен волнен џемпер во кој едвај се движиме.

5. Вежбање

Вежбите за загревање се препорачуваат пред секоја изведба на која било форма на посериозно вежбање, но тие, исто така, можат да послужат како начин за зголемување на телесната температура во студените денови. Не мора да правите вежби половина час или повеќе, но доволни се само неколку минути, заедно со вежби како што се клекни-стани, вежби за рацете или трчање во место.

6. Термофор

Обично посегнуваме по шише со топла вода за време на олеснување на грчевите во менструалниот циклус, но тоа е и од голема помош кога само сакаме да се загрееме, особено пред да си легнеме или откако ќе дојдеме во студениот стан додека сè уште го чекаме просторот да се загрее.

Можете да изберете помеѓу оние што мора да се полнат со топла вода и оние што се електрични. Ги има речиси во секоја аптека.

Прочитајте за овие рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар