Како да се стоплите кога надвор е „ѕивра“ ладно?
Кога многу ни студи, сите посегнуваме по вообичаените начини на загревање – го засилуваме парното, пиеме топол чај и слично. Некои од овие работи се погрешни, но други ќе ви помогнат подолго да ја задржите топлината на телото. Еве неколку совети.
Не зголемувајте ја температурата на вашето грејно тело во домот
Кога ќе излеземе надвор на ладно, разликата во температурите може да предизвика промени во малите крвни садови што пак доведува до послаб проток на крвта до одредени делови од телото. Затоа, температурата во домот не треба да ви биде повеќе од 20 степени Целзиусови.
Не пијте топло кафе или чај кога сакате да се загреете
Многупати за да се загрееме на ладно време, сакаме да се напиеме шолја топол чај или кафе, но ова е една голема, а сепак вообичаена грешка. Кофеинот ги блокира рецепторите во крвите садови и со тоа спречува тие да се собираат на ладно. Бидејќи тие остануваат проширени, вие ја губите топлината многу побргу. Ако веќе сакате да се напиете нешто, изберете чај од ѓумбир кој има природни својства на загревање.
Не држете ги рацете во џебовите
Иако првата работа што ни доаѓа да ја направиме кога ќе излеземе на студ, е да ги пикнеме рацете во џеб за да се загрееме, сепак, ова не е најдобро решение. Многу подобро е рацете да ви останат надвор, бидејќи мавтањето со нив додека се движите претставува своевидна вежба за телото, која го подобрува дотокот на крв и со тоа ви овозможува да бидете позагреани.
Загрејте ја облеката на парно
Во текот на зимата, една од најтешките работи кога станува збор за загревањето на телото, е одржување на тополината во стапалата. А нашите стапала се како термос, ако денот го започнете со ладни стапала, голема е веројатноста дека ќе останете смрзнати цел ден. Затоа, додека се подготвувате да излезете од дома, ставете ги чорапите и останатата облека на парно неколку минути и облечете ги топли.