Како да се справите со депресијата за време на бременоста без лекови?
Речиси 10% од жените страдаат од депресија за време на бременоста. Оваа депресија често се манифестира како замор, мизерија, проблеми со концентрацијата, тага или страв. Овие симптоми се најчести во првиот и вториот триместар од бременоста.
Поголема е веројатноста да искусите некои од овие симптоми ако имате семејна или лична историја со депресија, сексуална злоупотреба или злоупотреба на супстанци. Исто така големо влијание има исхраната, дехидратацијата или околноста на вашата бременост. Без разлика која е причината, важно е да побарате помош.
Денешната медицина нуди антидепресиви, но хомеопатијата нуди безбедна, поевтина и потенцијално ефективна алтернатива. Ова се 3-те лекови кои хомеопатите најчесто им ги даваат на жените со депресија во текот на бременоста.
1. Пулсатила
Најчесто овој лек се дава во текот на последниот триместар од бременоста. По неколкумесечна бременост, емоциите почнуваат да се засилуваат. Солзите се појавуваат без никаква причина. Се појавува и страв од иднината. Во овој период на жените им е потребна и поголема поддршка од семејството. Може да се појави и зголемена жед како и желба за кремаста храна.
2. Сепија
Овој лек се дава кога жената на некој начин станува закана за себе и за својот партнер. Постои постојано чувство на очај и не сака да го има детето. Нејзината свест ја убедува дека не е подготвена или способна да биде мајка. Кога оваа фаза не се лекува, може да има влијание на поврзаноста со мајката и детето по породувањето.
3. Игнатија
Овој лек најчесто им се дава на жените кои имаат историја со неплодност или неколку спонтани абортуси. Во тој случај жената може да стане опседната со желбата да биде мајка. Штом ќе остане бремена, се појавува очај и страв да не го изгуби бебето. Можат да се појават и сомнежи дека нема да биде доволно добра мајка. Жените со оваа состојба често се пречувствителни на мириси.
Онлајн пребарувањето за хомеопатски лекови може да биде навистина збунувачко поради големиот избор. Иако хомеопатијата се користи низ целиот свет, секогаш е најдобро да побарате совет од професионалец, особено во случај на бременост и депресија.
Прочитајте ги и нештата кои секоја жена треба да ги знае за своето здравје.