Како да се снајдете со финансиите ако заработува само еден од брачните партнери?

Како да се снајдете со финансиите ако заработува само еден од брачните партнери?

Кога едно семејство е научено да има два прихода, а потоа ќе остане без едниот, тоа може да биде голем шок. Сепак, возможно е да се живее удобно и со приходот на едниот брачен партнер, но потребно е да знаете како да управувате со вашите финансии. Не задолжувајте се дополнително, не купувајте работи кои не ви се неопходни и контролирајте го секој потрошен денар. Во продолжение погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ги надминете кризните финансиски времиња.

Како да живеете кога заработува само еден од брачните партнери?

1. Намалете ја вашата потрошувачка

Еден од првите чекори што треба да ги преземете е да ја намалите вашата потрошувачка. Погледнете ги дневните навики за трошење и видете што од тоа можете да отстраните. Со тоа што ќе станете повеќе свесни за вашите купувања и трошења, вие ќе имате подобри финансиски навики.

2. Планирајте го буџетот

Откако ќе знаете кои навики за трошење треба да ги отстраните од вашата листа, сега е време да одлучите колку пари ќе одвоите за секоја активност. Најдете време да создадете нов буџет, прилагоден на моменталната ситуација. Со ова вие ќе имате можност подетално да разберете каде ги трошите вашите пари и колку можете да си дозволите. Ова е добро за секого, а особено за семејствата кои имаат ограничени приходи. Запишете ги одредените категории, определете колку пари сте во можност да потрошите и држете се до тоа. Добрата организација ви е многу потребна во ваквите моменти.

3. Дополнителен приход

Додека вашиот партнер пронајде стабилно работно место, потребно е да барате алтернативни начини за да го дополните вашиот семеен приход. На пример, може да пронајде работа со скратено работно време или да се занимава со нешто друго што е извор на финансии.

4. Почитувајте се еден со друг

Преминувањето кон само еден приход во семејството може да биде стресно и за двајцата партнери, а тогаш најверојатно почесто и ќе се карате. Но, многу е важно во ваквите моменти вие да си бидете поддршка еден со друг и да не се осудувате. Разговарајте смирено и заеднички планирајте ги трошењата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар