Како да се ослободите од забоболката за 5 минути?
Забоболката е една од најнепријатните, најсилните и најподлите болки. Но, со помош на овој трик, забот ќе престане да ве боли, барем привремено додека да одите на забар.
Едно канадско истражување од осумдесеттите години на минатиот век покажало дека забоболките можат да се отстранат или барем да се ублажат без воопшто да ја отворите устата.
Сѐ што ви е потребно е коцка мраз. Ставете ја во пределот помеѓу палецот и показалецот и нежно тријте околу 5-7 минути.
Трикот е во тоа што на овој дел од дланката се наоѓаат нервните завршетоци кои се поврзани со центарот за болка кој го контролира нивото на болка во рацете и главата. Триејќи го овој предел со лед, тој центар се блокира и болката не ја чувствуваме.
Во спроведеното истражување, дури 90% од испитаниците потврдиле дека оваа техника им ја ублажила забоболката.