Како да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи?

Како да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи?

Никој не се чувствува пријатно кога ќе наиде на пајак што го демне од аголот. Овие совети ќе ви помогнат да се ослободите од пајаците засекогаш.

Како да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи?

1. Населете бубамари

Ако имате градина, тераса или балкон, населете ги со бубамари. Овие слатки инсекти се големи непријатели на пајаците и една бубамара може да изеде 50 пајаци дневно. Насадете растенија што привлекуваат бубамари, како што се копар или анасон и спасете се од пајаците.

2. Користете ментол

Најлесен начин да ги задржите пајаците подалеку од вашиот дом е да капнете неколку капки масло од мента во вода и да ги испрскате аглите на вашиот дом. Препаратот можете да го направите сами или да купите средство на база на нане.

3. Отстранете ги сите мрежи

Редовното отстранување на пајаковите мрежи е најдобриот начин за борба против пајаците. Редовно проверувајте ги сите скриени агли во вашата куќа и отстранете ги мрежите за да го спречите нивното размножување.

4. Набавете милениче

Домашните миленици се многу успешни во борбата против пајаците затоа што ги јадат сите. Животните, а особено мачките, ќе ловат сè што се движи низ куќата и ќе ги уништат несаканите гости уште пред да успеете да забележите дека тие воопшто се таму.

5. Исчистете го нередот

Пајаците сакаат простории преполни со работи каде што има многу скриени места во кои можат да се прикрадат. Ако чувате непотребни парчиња мебел и десетици саксии со цвеќиња, ослободете се од вишокот предмети, па ќе има помалку пајаци.

6. Распоредете портокали и лимони низ домот

Пајаците не поднесуваат мирис на цитрус, па затоа нема да бидат во вашето опкружување ако низ домот чувате лимони, портокали, мандарини и слично.

7 . Измијте ги прозорците со специјална мешавина

Ако ги измиете прозорците со мешавина од амонијак и вода, ќе ги спречите пајаците да влезат во куќата. Кога прозорците ќе бидат суви, премачкајте ги со хартија од весник натопена во керозин, кој ги одбива пајаците, мувите и комарците.

8. Користете еукалиптус

Друг мирис што пајаците едноставно не можат да го поднесат е еукалиптусот, па ставете го ова растение во бањата, во плакарот и на слични места каде што може да има пајаци. Освен што ќе ги избркате пајаците, ќе имате и пријатен мирис во станот.

9. Свеќи со цимет

Циметот е уште еден мирис што пајаците не можат да го поднесат.

Прочитајте како да се ослободите од мравките на природен начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар