Како да се ослободите од лошата миризба на стапалата?
Стресот и габичните инфекции предизвикуваат зголемено лачење на пот, кое пак им годи на бактериите кои предизвикуваат лоша миризба. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат еднаш засекогаш да се ослободите од лошиот мирис на стапалата.
Отстранете ги местата за размножување на бактерии
Најмногу од бактериите кои предизвикуваат лош мирис се наоѓаат под ноктите и кај грубата кожа. Не заборавајте да се ослободите од грубата кожа на петите и да ги исечете вашите нокти.
Темелно бришете ги стапалата
Не е доволно само да ги поминете со крпата, важно е да ја избришете и водата помеѓу вашите прсти. Влагата може да предизвика создавање габи и инфекции.
Направете чај за вашите стапала
Чајот има состојки кои ги уништуваат бактериите и ги намалуваат отоците. Можете да ја направите следнава купка за вашите стапала:
- Ставете 3 лажици чај во 1 литар врела вода.
- Додајте 2 литра студена вода.
- Ставете ги стапалата во водата 15-30 минути.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет е одличен за ослободување од мирисот на стапалата.
- Измешајте половина литар оцет со 200 милилитри топла вода.
- Натопете газа во растворот и оставете ја на стапалата околу 20 минути.
- Оставете ги стапалата да се исушат сами.
Користете масла за ароматерапија
Маслото од лаванда е одлично. Покрај тоа што го намалува мирисот, тоа ги отстранува и бактериите. Можете да ги масирате стапалата со него, или да си направите купка.
- Измешајте 2 капки масло од лаванда со 3-4 литри вода.
- Натопете ги стапалата 10-15 минути во растворот.
Перете ги чорапите наопаку
На овој начин тие темелно ќе се исчистат од бактерии и кожа. Чорапите секогаш треба да бидат од природен материјал.
Дома одете боси или веднаш менувајте ги чорапите кои сте ги носеле надвор
Кога одите, вашите чорапи собираат бактерии од подот, кои кога ќе се најдат во влажна средина почнуваат да се размножуваат.
Користете антиперспиранти и за вашите стапала
Антиперспирантите содржат хемикалии кои го намалуваат потењето. Нанесете ги навечер или после туширање на сува кожа.
Консултирајте се со лекар
Ако вашите стапала покрај мирисот ве чешаат и се лупат, одете на лекар. Може да станува збор за инфекција или заболување предизвикано од габи.
Дезинфицирајте ги обувките
- Темелно измијте ги однадвор.
- Натопете ги во раствор за дезинфекција.
- Собирајте ја влагата од внатрешноста на обувките.
Одржете ги обувките суви
Подобро е да имате два пара обувки за секоја сезона кои можете да ги носете наизменично. Ако имате само еден пар, а тој е влажен, ставете весник во него. Весникот ќе ја собере целата влага преку ноќ. Или пак можете да користите фен за коса.
Погледнете ги и овие совети за меки и нежни стапала.