Како да разговарате со вашите деца за секс?
Возрасните кои најмногу уживаат во сексот се оние кои му пристапуваат со еден вид детска невиност, ослободена од срам, но засилена со љубопитност и чудење. Погледнете ги наредниве клучни потсетници кои можат да ви помогнат да му пристапите на тешкото прашање: Како да разговарате со вашите деца за сексуалниот однос?, и запомнете ги доколку сакате да им помогнете при оформувањето на нивниот здрав сексуален идентитет.
1. Негувајте ја нивната самодоверба, особено сликата за нивното тело
Нагласувајте го карактерот и нивните позитивни способности наместо изгледот. И момчињата и девојчињата се под притисок да исполнат одредени стандарди на изглед и тоа создава свесност која може да има последици во однос на нивната сексуална самодоверба. Како родители вие можете многу да влијаете на тоа колку тие се ценат самите себе. Ова е особено важно за девојчињата. Една од причините поради кои девојчињата почнуваат рано со сексуални односи е фактот што луѓето имаат тенденција да коментираат за нивниот изглед, наместо за она што тие го прават во својот живот.
2. Именувајте ги нивните гениталии точно
Едноставно наречете ги онака како што се викаат, пенис, вагина и слично… Ова е многу важно при разговорот за секс бидејќи ги оттргнува осудувањето и срамот од нив. Да не заборавиме и на фактот дека е добро да научат од вас како тие точно се викаат.
3. Разговарајте отворено за сексуалноста и не осудувајте!
Кога разговарате за сексуалноста, клучно е да бидете на исто ниво како вашите деца. Некои се љубопитни на 6, додека пак, некои 12-годишници едноставно не се заинтересирани, па токму затоа никогаш не ги присилувајте, но и не одбивајте да одговорите затоа што сметате дека се премали.
Имајте на ум дека 6-годишните деца не ја разбираат желбата и поврзаноста помеѓу партнерите, така што одржувајте го разговорот на основа на биологијата. Некои деца од многу мали можат да ја разберат сексуалната возбуда, па затоа и ги интересира што поточно се случува.
За децата кои сè уште не се влезени во пубертет, задоволството од сопствените гениталии не се поврзува со романсата и другите луѓе, па тоа треба така и да остане! Тоа е едноставно за нивната врска со нивното тело која еволуира, треба да биде прифатена, проценета и да се стави во соодветен социјален контекст (самозадоволувањето треба да се случува приватно и додека се сами).
Многу е лесно да ги засрамите децата за сексуалноста со тоа што на вас ви е непријатно кога ве прашуваат и ги одбегнувате, особено ако вашето дете е со спротивен пол од вас или различна сексуална ориентација. Дури и кога не ви е пријатно да знаете што се случува во развојот на сексуалноста на вашето дете треба да бидете отворени, да поставувате прашања и да слушате. Сè додека не осудувате вашето дете ќе продолжува да споделува. И не заборавајте дека кога тој/таа ќе се почувствува прифатено, тогаш ќе ги прави најмудрите одлуки.
4. Бидете реалистични за порнографијата и објаснете им дека тоа не е документарен филм за сексот
До 12-тата година вашите деца сигурно ќе бидат изложени на некаков вид порнографија, па затоа со време почнете да ги подготвувате. Објаснете им дека без разлика дали сакаат да го гледаат тоа или не и без разлика на вашите обиди да не се изложуваат на порнографија, понекогаш нешто ќе излезе пред нивните очи. Тие треба да разберат дека тоа е забава, а не документарен филм и дека постојат само за да возбудат, а не за да информираат. Ова особено е важно за момчињата.
Постојат голем број мажи кои се чувствуваат непријатно за големината на нивниот пенис или перформансот поради порнографијата, а овој број драстично го надминува оној на жените. Токму затоа оние кои се родители на синови имаат одговорност да ги научат на она што навистина ги очекува во реалноста.
5. Нагласувајте ја важноста на согласноста
Согласноста доаѓа кога и двајцата се 100% сигурни дека сакаат да започнат со сексуални односи.
Како родители, најголемиот подарок кој можете да им го дадете на своите деца е самодовербата и способноста да се процени што е добро, а што не, како и да се биде чувствителен во однос на тоа што другите го сакаат. Ова се постигнува преку почитување на нивните граници со активно слушање и соодветен одговор.
Без разлика на тоа колку вие се противите, вашите деца еволуираат како сексуални суштества и токму затоа мора да бидете отворени кон нив. Сексуалноста е клучна за нашиот идентитет, добросостојба и среќа како возрасни, па токму затоа имате одговорност да им помогнете на вашите деца да го направат овој премин безбедно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.