Како да проверите дали на вашето тело му е потребна детоксикација?
Акумулацијата на токсини во телото го нарушува вашето здравје и предизвикува појава на различни болести, а исто така насобраните токсини предизвикуваат дебелина кај многу луѓе. Во книгата „Зелено смуди за совршен почеток на денот“, од авторката Џеј Џеј Смит, покрај рецептите за детоксикација, можете да пронајдете и тест за самопроценка за тоа колкаво е нивото на токсини во вашето тело. Врз основа на тој тест, ќе знаете дали ви е неопходна детоксикација.
Прочитајте ги прашањата и на секој потврден одговор, додајте си по 1 поен.
- Дали сте желни за слатки, леб, тестенини, бел ориз и/или компир?
- Јадете ли преработена храна (вечера пред телевизорот, варено месо, сланина, супа од конзерва, закуски) или брза храна најмалку 3 пати неделно?
- Пиете ли пијалаци со кофеин, како кафе или чај, повеќе од 2 пати дневно?
- Пиете ли диетални сокови или додавате вештачки засладувачи најмалку еднаш дневно?
- Спиете ли помалку од 8 часа дневно?
- Пиете ли помалку од 2 литра вода на ден?
- Дали сте премногу чувствителни на чад, хемикалии или издувни гасови во опкружувањето?
- Дали неодамна сте земале антибиотици, антидепресиви или некои други лекови?
- Дали сте земале пилули за контрацепција или други естрогени, како што е заменската хормонска терапија?
- Имате ли чести габични инфекции?
- Имате ли сребрени пломби на забите?
- Користите комерцијални детергенти за чистење, козметика или дезодоранси?
- Јадете неорганско овошје, зеленчук или месо?
- Дали некогаш сте пушеле или сте биле изложени на чад од цигари?
- Дали сте дебели или имате целулит?
- Дали на работа сте изложени на токсини од опкружувањето?
- Дали живеете во главни градски области или близу голем аеродром?
- Дали се чувствувате уморно, исцрпено или сте бавни во текот на денот?
- Дали имате потешкотии со концентрацијата и вниманието?
- Дали страдате од надуеност, лошо варење или чести гасови после јадењето?
- Дали сте имале повеќе од 2 настинки или грип во 1 година?
- Имате ли чести крвавења од носот, потешкотии со сонцето или течење на носот?
- Забележувате ли дека понекогаш имате лош здив, наслаги на јазикот или силен мирис на урината?
- Имате ли темни кругови под очите?
- Дали често сте тажни и депресивни?
- Се чувствувате ли често нервозни, вознемирени или напнати?
- Имате ли акни?
- Имате ли помалку од едно празнење на цревата на ден и/или повремен запек?
- Патите од несоница или спиете немирно?
- Дали ви е заматен видот и дали ве чешаат или печат очите?
Резултати
Колку поголем број поени имате, толку повеќе е можно да имате токсини во вашето тело, па ви е потребна програма за детоксикација и чистење. Откако ги одговоривте прашањата, соберете ги поените и во продолжение погледнете ги резултатите.
Ако имате 20 или повеќе поени: Ќе имате значајна корист од детоксикацијата, која може да доведе до губење на тежината и подобрување на здравјето и виталноста. Препорачливо е да размислите за различни начини на детоксикација на вашето тело.
Ако имате помеѓу 5 и 19 поени: Најверојатно ќе имате корист од програмата за детоксикација за подобрување на вашето здравје и виталност.
Ако имате помалку од 5 поени: Можеби навистина немате вишок токсини во телото и живеете многу здрав начин на живот. Браво!