Како да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?

Како да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?

Готвењето на пилешки стек во рерна сигурно ве потсетува на месо кое станува тврдо и жилаво штом биде готово, но тоа не мора да биде така доколку го примените овој едноставен трик.

Како да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ако стековите се со различна дебелина, истенчете ги со дрвен чекан за да станат отприлика исто тенки, бидејќи ова влијае на времетраењето на печењето, а ако печете додека се испечат најдебелите парчиња, може да добиете суво и жилаво месо.

Потоа премачкајте ја тавата со две лажички маслиново масло, наредете ги парчињата месо и поминете ги одозгора со четка намасленета со маслиново масло. Маслиновото масло создава кафена крцкава кожа, додека внатрешноста на пилешкото ја задржува сочна.

Ставете зачини по избор и протријте по површината.

Откако ќе го спремите стекот за печење садот покријте го со алуминиумска фолија. Печете така 20 минути, па потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10 со непокриено тавче. Во меѓувреме можете да додадете сос ако сакате. Оставете го малку да се олади (идеално температурата треба да дојде до 70 степени) и потоа сервирајте. Месото ќе биде меко и сочно.

Како да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар