Како да престанете да се споредувате со другите?

Како да престанете да се споредувате со другите?

Ако постојано се споредувате со другите, постои ризик од појава на незадоволство и нервоза кои можат да ве спречат да го живеете животот што го посакувате. Колку и да се трудите ,се појавува често токсичната мисла – „Зошто не сум како него/неа?” Тоа не секогаш се појавува како резултат на завист, туку едноставно е самокритика и порака до самите себе дека не сте успеале доволно. Еве на кој начин можете да престанете да се споредувате со другите:

Како да престанете да се споредувате со другите?

Работете на самодовербата

Најчесто проблемите со споредувањето се јавуваат во ситуации кога страда нашата самодоверба. Се чини дека секој кој постигнал нешто и може да се пофали со големи достигнувања е многу подобар од нас. Се разбира, тоа не е така и дефинитивно не вреди да се откажете од вашите цели.

Вие сте единствени на свој начин

Секој од нас има силни страни со кои другите не можат да се пофалат, но толку сме фокусирани на своите слабости што целосно забораваме на нашите силни страни. Психолозите инсистираат на тоа дека е важно да откриете што правите најдобро и да се фокусирате на таа област. Обидете се да бидете свесни за вашите добри страни и да ги користите – можеби имате некои таленти кои сè уште не сте ги откриле!

Недостатоци? Сите ги имаат!

Како што веќе рековме, повеќето од проблемите со самодовербата се засноваат на фактот дека не се прифаќате онакви какви што сте. Сепак, секој има слабости, никој од нас не е совршен. Но, борбата против слабостите и недостатоците може да ви помогне и она што не го сакате во вас да го смените во предност.

Откако прочитавте како да престанете да се споредувате со другите, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја препознаете емотивната манипулација.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар