Како да откриете дали вашиот партнер е со вас само затоа што не нашол некоја подобра?
Никогаш не можете да бидете сосема сигурни во врската, но постојат некои показатели што укажуваат дека вашиот партнер не е премногу заинтересиран. Можеби тој припаѓа на групата луѓе кои немаат проблем да ја прекинат врската откако ќе се појави некоја подобра. За да не бидете жртва на таков однос, погледнете кои се предупредувачките знаци за таквиот површен однос.
1. Не разговарате за конкретни чекори за иднината
Ако вашите заеднички планови за иднината се секогаш многу површни или воопшто не постојат, време е да се запрашате во која насока се движи вашата врска. Незаинтересираноста на партнерот за заедничко вложување во иднината може да укажува на рамнодушност кон самата врска.
2. Се појавуваат инстинктивни сомнежи
Иако инстинктите ви испраќаат сигнали што најчесто се спротивни на она во што сакате да верувате, експертите предупредуваат дека е многу важно да ги земете предвид. Емоциите може да ве заслепат и да ве одведат во погрешна насока, додека инстинктите се верни показатели на нештата на коишто треба да обрнете внимание за ваше добро.
3. Не се труди да ве внесе во својот живот
Ако партнерот не покажува премногу интерес да ве внесе со својот живот, тој веројатно не е премногу заинтересиран за вас. Моментот кога треба да се загрижите е неговото одбивање да ве запознае со пријателите и со семејството.
4. Не постоите на неговите социјални мрежи
Пријателите на социјалните мрежи знаат сè за неговите омилени филмови, спортски клубови или музика, но не знаат ништо за личноста што му го украла срцето. Ако нема ниту една фотографија со вас, ова може да биде знак дека неговото срце и не е баш украдено.
5. Веднаш ви дава до знаење дека не сака сериозна врска
Понекогаш не треба да читате меѓу редови за да разберете колку му значите на вашиот партнер. Сериозниот партнер кој може да се занесе во чувствата нема да ви каже на почетокот на врската дека не се гледа со вас во иднина.
6. Нема длабоки разговори помеѓу вас
Разговорите што секогаш остануваат на површно ниво и немаат значителен ефект врз развојот на вашата врска се прилично јасни знаци дека партнерот се воздржува, можеби за отворање кон некоја друга.
7. Тој е покрај вас само кога тоа му одговара
Ако вашиот партнер смислува оправдувања за да не биде со вас кога ви е потребен, станува збор за човек кој не ги почитува вашите чувства. Ако ве поддржува само кога тоа му одговара, веројатно кон вас не чувствува толку силна љубов што е подготвен да ѝ ја даде на некоја друга.
Погледнете кои знаци откриваат дека партнерот не е вклучен во вашата иднина.