Како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес

Како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес

Секогаш кога сте под стрес, одвојте неколку минути за да проанализирате што е тоа што ве тера да се чувствувате на тој начин. Доколку причината за вашиот стрес се одредени луѓе, тогаш најдобро е да ги одбегнувате, но знаеме дека за жал тоа не е секогаш возможно. Наместо тоа, обидете се да ги идентификувате луѓето кои ви предизвикуваат стрес и најдете начин да се заштитите од нивната негативна енергија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со совети за како најлесно да се справите со токсичните луѓе.

Како да останете позитивни доколку сте опкружени со луѓе кои ви предизвикуваат стрес

1. Не дозволувајте психички да ве малтретираат

Првиот чекор за да останете позитивни кога имате работа со ваков тип на луѓе е да не дозволите да паднете во нивната „замка“ и да станете жртва на нивните негативни емоции. Голема е веројатноста дека ќе се обидат да ви го расипат расположението само и само да го чувствувате истото што и тие го чувствуваат. Доколку се лутат или тагуваат, ќе се обидат да ве натераат и вие да го доживувате истото. Кога оваа личност е во ваше присуство, можете да слушате и да разговарате, но не дозволувајте да оди подалеку од тоа. Не дозволувајте да побуди негативни емоции во вас.

2. Сето тоа е привремено

Во моментот кога сте под стрес, тешко е да се сетите на помислата дека ова чувство нема вечно да трае. Доколку запомните дека можете да го пребродите ова и дека наскоро сè ќе заврши, може да ви помогне полесно да се справите со личноста.

3. Размислете како би се справиле со токсичните луѓе

Со оглед на вашите досегашни искуства со нив, можете однапред да го предвидите нивното однесување. Искористете го тоа за да направите своја стратегија за како ќе се справите со ситуацијата.

4. Сменете го начинот на кој ги восприемате нештата

Ако можете да ја смените вашата перцепција, ќе останете позитивни без оглед што и да се случи. Продолжете да се фокусирате на оптимистичките мисли и не дозволувајте му на стресот целосно да завладее со вашиот ум.

5. Помислете на работите за кои сте благодарни

Доколку размислувате на нештата за кои сте вистински благодарни, ќе ви биде полесно да ја пребродите стресната ситуација. На тој начин нема да го насочите вниманието кон негативната енергија, а згора на тоа, ќе бидете посмирени и посигурни во себе.

6. Потсетете се самите себеси дека сте издржливи и дека можете да се справите со нив

Ако се гледате себеси отпорни на таквите ситуации, подобро ќе управувате со стресот и негативноста. Запомнете дека можете со сè да се справите и дека секоја пречка е начин да стекнете доверба во себе.

7. Имајте ги на ум вашите цели и потреби

Неопходно е да знаете однапред што е тоа што ви е потребно и кои се вашите цели. фокусирањето на вашите желби и потреби може да ви помогне да дојдете до поентата пред работите да тргнат во непосакуван правец.

8. Контролирајте се себеси

Секогаш кога дозволувате некој друг да го контролира вашиот начин на размислување со тоа му давате моќ да управува со вас. Сепак, во секој момент можете да направите промена и да ја вратите контролата над себе. Кога ќе одлучите дека никој освен вас не може да ја контролира вашата реакција на некоја ситуација, полесно ќе се справите со неа.

Откако прочитавте како да останете позитивни при справувањето со токсични луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и 5 начини како да ја прекинете расправијата со токсични луѓе.

Извор: powerofpositivity.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар