Како да направите тој да се заљуби до уши во вас?

Како да направите тој да се заљуби до уши во вас?

Девојките многу често се прашуваат кои карактеристики треба да ги поседуваат за да направат момчето за кое се заинтересирани да се вљуби во нив. Нормално дека сите имаат различен вкус, но постојат одредени карактеристики кои сигурно ќе направат тој да ја изгуби главата по вас.

Како да направите тој да се заљуби до уши во вас?

1. Покажете љубов кон животот

Неверојатните жени им се радуваат на малите работи. Таа возбуда и страст ќе предизвика и тој да го засака животот. Ако девојката е среќна поради тоа што јадела во омилениот ресторан или прочитала неверојатна книга, момчето тоа веднаш ќе го забележи. Љубовта кон животот е заразна. Покажете дека и вие ја имате и споделете ја!

2. Не плашете се да го допирате

Соодветниот допир може да направи момчето да се чувствува како да ве познава со години, дури и ако штотуку ве запознал. Клучот е во суптилноста. Потчукнете го нежно по раката кога ќе ви каже некоја шега или ставете ја раката на неговото рамо кога му се доближувате. Тој веднаш ќе почувствува силна поврзаност помеѓу вас двајца.

3. Забележете ги неговите најдобри квалитети

Момците го губат разумот кога девојката го гледа најдоброто во нив. Ако тој ви го каже неговиот план да започне бизнис наредна година, кажете му го следново: „Тоа е супер! Ме фасцинираат луѓе кои сакаат да создадат нешто свое“. Тој ќе го цени тоа и веднаш ќе почне да се вљубува во вас.

4. Поделете ги одлуките

На првиот љубовен состанок дозволете му да го одбере местото, но кога ќе стигнете таму кажете јасно што сакате. Предложете каде точно да седнете или што да јадете. Ако му дадете до знаење што точно сакате, тој ќе добие задоволувачко чувство дека може да ги исполни вашите желби и потреби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар