Како да направите работниот ден да ви помине побрзо?

Како да направите работниот ден да ви помине побрзо?

Колку пати сте погледнале низ прозорецот во вашата канцеларија и сте посакувале да бидете надвор, уживајќи во свежиот воздух, или пак дома, каде што би можеле безгрижно да се одморате? Сигурно многу пати го имате почувствувано ова, но не грижете се, ве разбираме! Понекогаш работните денови минуваат премногу бавно, а на крајот вие завршувате целосно исцрпени. Поради тоа, денес ви прикажуваме неколку начини што ќе ви помогнат да ја победите досадната секојдневна рутина и да направите времето да ви минува малку побрзо.

Еве како да направите работниот ден да ви помине побрзо

1. Пронајдете работа во која ќе уживате или одреден интересен проект во вашата тековна работа

Идеално, вие би барале работа каде што со нетрпение би очекувале да одите секој ден, но не губете ја надежта и во онаа која во моментов ја работите.

„Ако е тешко да најдете работа за која ќе имате страст, пронајдете задача или проект во коишто би станале експерти“ препорачува Џен Девол, тренер за кариера и живот за женски професионалци. „Пронајдете можности за учење за да го подобрите вашето разбирање, поврзете се со луѓе кои знаат повеќе и вежбајте го тоа!“

2. Оставете си ужина во одредена фиока во вашето биро

Кога ќе го имате омиленото јадење во ваша близина, вие ќе можете да го подобрите расположението.

„Пополнете ја вашата фиока со здрава ужина за да ја задржите енергијата и со некои од вашите омилени работи кон кои со нетрпение очекувате да посегнете“, вели Хали Крафорд, тренер за кариера и основач на веб-сајтот HallieCrawford.com

3. Разговарајте 5 минути со вашиот колега

Не мора постојано да разговарате за работата.

„Потребно е да внесеме забава во нашиот работен ден, затоа што тоа го намалува стресот и може да го подобри тимското работење“, вели Девал. „Поставете прашање кое не е поврзано со работата и започнете разговор. Изберете каква било тема и зборувајте за тоа 5 минути.“

4. Прошетајте

Не мора постојано да седите на едно место. Станете и прошетајте.

„Прошетајте за време на оброкот или пак, откако ќе извршите некоја поголема задача“, препорачува Девал. „Одењето ќе ви даде енергија и исто така може да ги ве ослободи од стресните проекти на работа.“

Сакате да направите нешто поинтересно?

„Одредете си кафе−прошетка со вашите колеги, при што одеднаш ќе внесете кофеин, свеж воздух и позитивни разговори“, вели Ребека Далек, тренер за кариера и лидерство за жени.

Еве како да направите работниот ден да ви помине побрзо

5. Побарајте други работи

Ако сте малку послободни и ви е досадно, можете креативно да го искористите времето.

„Истражувајте ја конкуренцијата“, вели Џил Џакинто, експерт за работна кариера. „Тоа може да ви даде некои идеи што ќе ги искористите во вашата компанија, а е и многу поинтересно отколку постојаното прегледување на вашиот имејл.“

6. Работете со луѓе кои ви се допаѓаат

Размислете околу ова. Ако во ваша близина имате колега кој постојано се жали за сѐ, почнувајќи од најмалите неважни работи, па сѐ до новиот менаџер, вие едвај ќе чекате да помине денот, постојано гледајќи во часовникот и одбројувајќи го времето.

„Ова е од клучно значење за целокупно задоволство на работното место, па и да направите вашиот ден да помине побрзо“, вели Далек.

7. Фокусирајте се на вашите достигнувања, а не на долгата листа со обврски

Не дозволувајте вашите тековни работни задачи да ви предизвикуваат стрес.

„Колку повеќе се фокусирате на она што успешно сте го извршиле во текот на денот, толку побргу ќе напредувате, бидејќи ќе бидете помалку совладани од наредната работа која е на листата и наместо тоа ќе уживате во оствареното“, вели Крафорд.

8. Слушајте инспиративна музика после секоја извршена задача

„Дозволете си да ‘се изгубите’ во некоја песна, па веднаш штом таа ќе заврши, повторно вратете се на работа“, препорачува Девал. „Ова е уште една ментална пауза каде што намерата е да се фокусирате на тоа како песната прави да се чувствувате, тоа не е музика која ќе направи само да не ги слушате вашите колеги.“

Таа препорачува да започнете со омилената музика додека пиете кафе, па како што доаѓа крајот на работниот ден, преминувајте на повесела, енергична музика.

Еве како да направите работниот ден да ви помине побрзо

9. Купете интересни канцелариски материјали и интересни додатоци за вашата работна маса кои ќе предизвикаат насмевка на вашето лице

Крафорд сугерира да изберете фотографии од вашите пријатели и семејството, интересни папки или пенкала во боја.

„Чувајте ги работите професионално, секако, но доколку имате интересни работи на вашето биро, тоа ќе предизвика да се насмевнете“, вели таа. „Доколку има потреба, можете да ги сокриете овие работи кога ќе дојде некој клиент.“

10. Посетете презентација на вашите колеги од друг оддел

Џакинто го препорачува ова, бидејќи гледајќи како дејствуваат другите оддели, вие ќе можете да го задржите фокусот на вашата компанија и да гледате на неа од поинаков аспект. Поголемиот фокус помага побрзо да ви помине работниот ден.

Којзнае, можеби и ќе научите некој нов трик“, дополнува тој.

11. Променете ја локацијата

Ако имате можност за флексибилно работно место, тогаш тоа е одлично.

„Понекогаш новата локација ви дава нова перспектива“, вели Далек.

Вашиот работен простор не е толку удобен? Едноставно поместете го вашиот лаптоп на друга локација, барем во период од половина час.

12. Наградете се на крајот од работната недела

Веќе знаете колку е важно да ги исполните работните цели и обврски.

„Секоја недела поставете си пет цели кои сакате да ги достигнете и распоредете си го времето да работите на нив секој ден“, предлoжува Девал. „Ако ги исполните целите и го пополните вашиот ден со продуктивност, наградете се! Ова може да ви ја зголеми довербата и да направи да се чувствувате исполнето кога ќе си одите во петок.“

Еве како да направите работниот ден да ви помине побрзо

Запаметете ги овие работи и вметнете ги во вашиот дневен распоред оние кои најмногу ви одговараат, па ќе бидете изненадени колку брзо ќе помине вашиот работен ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар