Како да направите некој да се чувствува многу паметно?

Како да направите некој да се чувствува многу паметно?

Психологот Гречен Рубин вели дека ги дава овие совети не за да манипулирате со другите, туку за да направите тие да се чувствуваат убаво поради придонесот што го даваат на темата на којашто разговарате. Ова се нејзините седум совети со кои другите ќе се чувствуваат попаметно, а со тоа и поубаво во ваше друштво.

Како да направите некој да се чувствува како многу паметен/а?

Побарајте совет. Сите сакаме да делиме совети и уште повеќе сакаме некој да дојде и самиот да го побара советот.

Применете го нивниот совет. Ако го гледате филмот кој ви го препорачале или отидете во кафулето за кое некој ви кажал дека е супер, ќе направите некој да се чувствува одлично.

Повикајте се на некој коментар на соговорникот. „Како што ти веќе убаво кажа…“ е реченица што секој сака да ја чуе како потврда на тоа дека зборува нешто паметно.

Побарајте од нив да ја довршат мислата ако биле прекинати. „Рече дека има две причини за тоа, ама ми зборуваше само за едната. Која е другата?“

Изговарајте го името на соговорникот, но промислено! Ако го кажувате пречесто неговото/нејзиното име ќе изгледа дека целта ви e да го/ја изманипулирате. Во таков случај соговорникот ќе помисли дека сметате дека е наивен.

Правете забелешки во врска со нивните квалитети. „Сигурно многу си се потрудил за да го постигнеш тоа.“ Или: „Вчера звучеше многу убедливо.“

Запишувајте ги нивните совети. Рубин вели дека таа често фаќа белешки за сè и сешто, а кога запишува некој совет или нешто слично, тогаш добива одличен фидбек од соговорниците кои очигледно се чувствуваат поважно поради тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар