Како да ја затегнете кожата на стомакот по слабеењето или породувањето?

Како да ја затегнете кожата на стомакот по слабеењето или породувањето?

Жените кои вежбаат најмалку 2,5 часа неделно за време на бременост, имаат поголеми шанси побрзо да ја вратат својата тежина по породувањето. Но, понекогаш тоа не е доволно за вашата кожа да биде цврста и затегната како порано. Следете ги овие совети на експертите за да можете побрзо и полесно да ја затегнете кожата, особено на стомакот.

Како да ја затегнете кожата на стомакот по слабеењето или породувањето?

1. Атмосферата во спалната соба

Верувале или не, квалитетот и квантитетот на сонот е од голема важност бидејќи многу влијае на вашето здравје и на кожата. Треба да ги знаете следниве четири работи:

  • Спалната соба треба да биде колку што е можно потемна.
  • Спалната соба треба да биде ладна. Најдобрата температура е 18,3 °С. Ако ви е ладно, подобро е да земете уште едно ќебе отколку да ја загреете просторијата.
  • Не јадете два часа пред спиење!
  • Извадете ги сите уреди од спалната соба!

2. Користете крем со ретиноиди

Кремовите за зацврстување може да помогнат вашата кожа да изгледа помладо, но не заборавајте да ги нанесувате редовно и во доволни количини. Дерматолозите препорачуваат кремови што содржат витамин А.

3. Пешачете 20 минути секој ден и правете вежби за сила

Ова ќе ја одржи брзината на метаболизмот, ќе ги снабдува клетките со кислород и ќе направи кожата да изгледа подобро. Вежбите за стомачни мускули немаат многу влијание врз затегнување на кожата, но ќе ги зајакнат вашите мускули.

4. Масажа со бадемово масло

Покрај тоа што спречува сувост, бадемовото масло може да го подобри тонусот на кожата. Користете го за масажа на стомакот за да има двоен ефект.

5. Внимавајте на холестеролот и кортизолот

Кога холестеролот не е на оптимално ниво, липидната бариера е нарушена, а кожата ја губи влажноста побрзо, па затоа ја губи и цврстината. Внимавајте и на кортизолот – ако сте под голем стрес, тоа влијае и на квалитетот на вашата кожа.

6. Јадете една порција немасни протеини секој ден

Експертите препорачуваат секој ден да јадете 2 порции овошје, 2 порции зеленчук и 0,75 грама протеини на килограм телесна тежина.

7. Пилинг од кафе

Експертите велат дека масажата со пилинг од кафе помага во лимфната дренажа, влијае на еластичноста на ткивата на кожата и спречува појава на целулит. Користете свежо кафе, а не талог или кафе што веќе се користело. Правете пилинг еднаш или двапати неделно.

8. Обрнете внимание на бојата на урината

Пијте околу 2,7 литри вода секој ден. По уринирањето, обрнете внимание на бојата на урината. Ако е премногу темна, зголемете го внесот на вода.

9. Не држете ригорозна диета

Измачувајќи се со ригорозни диети, нема да успеете да ја затегнете кожата. На телото му се потребни различни хранливи материи, вклучително и здрави масти. Скратувањето на одредени видови намирници може да има само спротивен ефект.

Погледнете како да направите зимска детоксикација во само шест чекори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар