Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Некои работи девојките од Париз ги прават едноставно многу подобро од останатите. Особено кога станува збор за модата, поточно за комбинациите со марамите. Тие прекрасни свилени марами кои едноставно секогаш изгледаат совршено на нивниот врат, се секојдневен моден додаток кој само дополнително го нагласува нивниот гламур.

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Запознајте се со Ал Бихар, девојка која работи на креативните проекти за Вог, чие потекло е од Париз и Токио.

„Сакам да мислам дека тоа е мит, дека постојат многу повеќе интересни и мистериозни начини. Кога растете носејќи марами, со тек на време почнувате да изгледате навистина добро во нив“, вели Бихар.

Токму затоа таа решила да го сподели својот креативен и личен начин на кој ги носи марамите и со нас. Погледнете…

Половина панделка

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Бихар прво ја превиткува марамата на половина, дијагонално, сместувајќи ја во триаголна форма и потоа ги доближува краевите заедно. Инспирацијата за овој модел потекнува од начинот на кој стјуардесите од „Japan Airlines“ ги врзуваат своите марами во целосна панделка.

Мери Руки

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Бихар, која работела како инженер пред да се пренасочи кон светот на модата, го именувала овој стил според начинот на кој една од нејзините професорки ја носела својата марама. Оваа фризура е направена од 2 различни марами врзани во јазол кој има форма на еден вид панделка.

Монтана во 80-тите

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Овој плетен каиш, кој го добил своето име според големиот француски дизајнер во 80-тите години, е совршениот моден додаток за пантолони со висок струк. За плетениот каиш ви се потребни 3 различни марами.

Дијана

Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

Со помош на марамата од мајка ѝ, Бихар креира изглед кој наликува фустанот од Зандра Роудс кој принцезата Дијана го носела во 80-тите години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар