Како да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт?
Спротивностите се привлекуваат, но ако сте екстроверт во врска со интроверт, ќе наидете на пречки да се поврзете во врската. Вие и вашиот партнер можеби имате различни размислувања и очекувања како да го поминете заедничкото време. Вие можеби ќе сакате да излезете и да се забавувате со пријателите и да бидете друштвени, додека вашиот интровертен партнер ќе сака да остане дома и да гледа филм со вас. Во продолжение прочитајте како да имате здрава врска со вашиот интровертен партнер и покрај разликите.
1. Дајте му доволно простор на интровертот
Интровертите сакаат да поминуваат квалитетно време сами со својот партнер, но дури и тогаш, нивната енергија се намалува по некое време.
Ако партнерот сака да ја скрати дискусијата или се чувствува уморно, оставете го да се повлече без да поставувате премногу прашања и не чувствувајте се фрустрирано поради неговото повлекување.
Партнерот ќе биде друга личност штом ќе ги наполни батериите.
2. Не принудувајте го да оди на места каде што не сака
Интровертите имаат многу добра врска со својата интуиција. Иако можеби нема да можат да објаснат зошто, интуитивно ќе знаат кога некое место или некоја ситуација не се добри за нив, па затоа нема да сакаат да бидат таму.
Почитувајте го нивниот избор и тие ќе ве ценат уште повеќе.
3. Ви требаат идеи? Прашајте го интровертот!
Интровертите се многу креативни, дури и ако не ја изразуваат својата креативност на уметнички начин. Ако сметате дека сте заглавени или имате потреба од некакви идеи, прашајте го вашиот интроверт.
Не само што сакаат да ги споделат своите идеи, туку интровертите се чувствуваат ценети кога некој ќе побара ваков вид поддршка од нив.
Интровертите кои се чувствуваат ценети и почитувани поради тоа што се, ќе вложат уште повеќе труд во својата врска.
4. Охрабрете го интровертот да се релаксира како што сака
Повеќето интроверти сакаат да помогнат и да ги усреќат најблиските. Но, понекогаш тие забораваат на себе и ќе направат сè за да им помогнат на другите на штета на сопствената енергија.
Создавањето атмосфера во врската што ги поттикнува самоизразувањето и иницијативата (дури и ако тоа значи да се повлекуваат со книга, во природа или во нивниот внатрешен свет) може да им помогне повторно да се поврзат со себе, а тоа за нив е релаксирачко место од каде што црпат енергија.
Ако не му дозволите на партнерот да се релаксира на таков начин, тоа ќе резултира со ментален замор, што ќе има негативни ефекти врз вашата врска.
5. Поставувајте проникливи прашања за да ја разберете неговата интровертност
Охрабрете го вашиот интроверт да поставува прашања (наместо да претпоставувате дека вие сте во право). Отворените прашања што не започнуваат со „зошто“ се одлични за продлабочување на односите и за меѓусебно разбирање.
Не претпоставувајте дека го познавате вашиот партнер затоа што секоја ситуација може да биде различна или двајцата да бидете во различно расположение.
Интровертите се љубопитни и може да постават проникливи прашања што може да ја зголемат вашата свест и да ги подобрат вашата врска и ситуацијата во којашто се наоѓате.
6. Запомнете што ви се допадна кај вашиот интроверт кога првпат се сретнавте
Не фокусирајте се на тоа што не ви се допаѓа кај партнерот, туку на тоа што ви се допаѓа кај него.
Ценете го тоа што ви се допаѓа кај партнерот затоа што луѓето се чувствуваат многу добро кога знаат дека се ценети за тоа што се.
Ако забележите недостаток на интровертните однесувања што порано ги сакавте, само прашајте што се случува или што недостасува. Можеби ќе добиете шанса да ја разгорите вашата љубов ако ги забележите пречките и ако се обидете да ги отстраните.
7. Зачленете се заедно во проект што двајцата го сакате
Интровертите сакаат да бидат дел од проекти, но само од проекти што тие ги сакаат. Пронајдете нешто што и двајцата ќе го сакате.
Интровертите често се водени од значајни идеи што имаат потенцијал да го направат светот подобро место за живеење. За нив претставува големо задоволство да работат на проект со својот партнер, да бидат фокусирани на силните страни и меѓусебно да се надополнуваат без да наметнуваат нечија идеја.
Ако не можете да пронајдете проект на кој ќе работите заедно, дозволете му на партнерот да се вклучи во тоа што тој сака. Дополнителната енергија добиена од правењето нешто корисно, ќе резултира со повеќе љубов во вашата врска.
Прочитајте што е амбиверт и дали и вие спаѓате во оваа категорија.