Како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба?

Како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба?

Секој од нас може да биде жртва на емоционална злоупотреба, без разлика дали станува збор за љубовта, работата, семејството или пријателите. Еве на кој начин можете да му помогнете на пријателот кој се соочува со вакви проблеми.

Како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба?

1. Слушајте

Слушнете го тоа што има да ви го каже пријателот без да го прекинувате. Еден од најдобрите начини за справување со случаите на емоционална злоупотреба е можноста за споделување на искуството со некој кој ќе има волја да ја ислуша целата приказна докрај.

2. Охрабрете го пријателот да побара стручна помош

Понекогаш, емоционалната злоупотреба може да доведе до разни несакани ефекти како посттрауматско нарушување, стресно растројство, депресија, напади на паника и анксиозност. Обидете се најдобронамерно да му укажете на пријателот дека полесно ќе се справи со нив доколку побара стручна помош.

3. Пружете утеха и покажете разбирање

Доколку има нешто што не го разбирате за емоционалната злоупотреба, прашајте го вашиот пријател. Понекогаш доволно е прашањето од типот: „Како се чувствуваш после сето тоа? “ или „Што те тера да мислиш така?“ за да го сфатите неговото однесување во дадени ситуации. Не заборавајте дека од големо значење е да покажете разбирање и да останете трпеливи докрај.

4. Пружете поддршка

Пружете му поддршка на пријателот така што ќе му дадете совети за како да се грижи повеќе за себеси, совети за здрава исхрана и добар сон, но и предлози за вклучување во разноразни активности и настани.

5. Доставете му до знаење дека нештата ќе се подобрат

Продолжете да му помагате на пријателот и секогаш оставајте му до знаење дека верувате во подобро утре. Сепак, неопходно е покажете издржливост и цврстина во своите намери затоа што понекогаш процесот може да трае подолго.

Откако прочитавте како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те работи кои изгледаат како љубов, а всушност се емоционална злоупотреба.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар