Како да им кажете на вашите пријатели дека се облекуваат лошо?

Како да им кажете на вашите пријатели дека се облекуваат лошо?

Начинот на кој се облекуваме зборува за нас, а и кога од некоја причина тоа не е случај другите сè уште нè перципираат според начинот на облекување. Затоа сигурно ви е важно и како се облекуваат вашите блиски. Ако сметате дека тоа не го прават како што треба, следете ги овие неколку чекори за да им го соопштите тоа без да ги навредите и наместо тоа да ги поттикнете да го подобрат својот стил.

Како да им кажете на вашите пријатели дека се облекуваат лошо?

Кажете им дека се грижите за нив

Започнете со јасно потенцирање дека се грижите за оној/онаа на кого се однесува вашиот совет. Тешко е да се изведе ова, но гледајте тоа да не изгледа како интервенција во нивниот стил затоа што тие не се разбираат во нешто. Иако тоа навистина е тоа, сепак не треба да изгледа така ако сакате да постигнете добар резултат.

Кажете им зошто не ви се допаѓа тоа што го носат

Треба да внимавате да кажете дека не ви се допаѓа она што го носат, а не тоа како изгледаат. Напоменете им дека она во што се облечени е тоа што прави да не изгледаат добро. Ако вашиот пријател носи кошула која му е два броја поголема, кажете му само дека таа кошула не му стои добро.

Како да им кажете на вашите пријатели дека се облекуваат лошо?

Објаснете им дека изгледот сепак е важен

Првото што луѓето го забележуваат на вас е вашиот изглед, меѓу другото и тоа како сте облечени. Објаснете им го тоа на пријателите на кои им недостасува стил. Кажете им дека тоа е една од причините поради која спротивниот пол не ги сфаќа сериозно, ако е тоа случај. Доколку има некој настан при кој тоа се покажало како точно, спомнете го и тоа.

Објаснете им што е проблемот со нивната облека

Дали премногу открива или премногу покрива, дали е еден број поголема или е помала и премногу залепена за телото. Доколку сте стигнале до овој чекор веќе можете да си дозволите искрено да си го кажете мислењето.

Како да им кажете на вашите пријатели дека се облекуваат лошо?

Прашајте ги зошто се облекуваат така

Можеби сепак има некоја причина поради која тој ја носи токму таа кошула. Проверете ги и тие околности. Но, повторно потенцирајте дека може и подобро да се носат.

Дајте им насока за промена

Кажете им што би можеле да носат за да изгледаат поубаво. Инспирирајте ги. Ако сте им кажале дека имаат проблем, време е да им понудите и решение. Објаснете им зошто некое парче облека би било подобро за нив од некое друго.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар