Како да го вметнете вашиот дебел есенски елек во стилска и шик комбинација?

Како да го вметнете вашиот дебел есенски елек во стилска и шик комбинација?

Есенските елеци се доста практични, и речиси секоја девојка има макар еден во својот гардеробер. Сепак, изгледаат доста спортски и ви се чини дека е невозможно да ги вметнете во женствена и шик комбинација. Еве како да изгледате гламурозно со ова едноставно парче облека.

Како да го вметнете вашиот дебел есенски елек во стилска и шик комбинација?

Шик со големо парче накит

Како да го вметнете вашиот дебел есенски елек во стилска и шик комбинација?

Одличен начин да бидете модерни и шик а истовремено да се чувствувате удобно и топло. Искомбинирајте широки фармерки и еднобоен џемпер со чизмички до глужд и дебел елек. Дајте му гламур на овој едноставен изглед со впечатлив накит, големо ланче и рачен часовник.

Женствено со макси здолниште

Како да го вметнете вашиот дебел есенски елек во стилска и шик комбинација?

Здолништата не се само за во лето. Искомбинирајте црно макси здолниште и еднобојна маичка со кратки ракави и интересен натпис. За да ви биде потопло одберете и тексас кошула, како и плетено капче чии бои ќе се совпаднат со бојата на вашиот елек. Совршен избор на обувки се оксфордките или чевлите на висока плута.

Тренди со широки панталони со принт

Како да го вметнете вашиот дебел есенски елек во стилска и шик комбинација?

Одберете широки панталони со црно-бел принт, црн елек и еднобоен широк џемпер. Одберете и ниски затворени балетанки, и „зачинете“ го изгледот со црвена впечатлива нијанса на кармин како и плетен шал.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар