Како да го одржите домот чист во текот на пролетта?

Како да го одржите домот чист во текот на пролетта?

Пролетта е речиси овде, а со неа често доаѓаат и нови проблеми. Веројатно веќе се прашувате како да ги задржите токсините и прашината надвор од вашиот дом. Иако не е лесно, постојат некои совети што ќе ви помогнат да го направите тоа.

Како да го одржите домот чист во текот на пролетта?

1. Набавете растенија

Растенијата се природни прочистувачи на воздухот. Научниците дури откриле дека можат да ги апсорбираат и токсичните хемикалии од домот, како на пример пестицидите. Покрај тоа што ќе направат вашиот дом да изгледа убаво, растенијата ќе ви помогнат и да го освежите воздухот.

2. Чистете ги шепите на миленичињата

Иако можеби вие не влегувате дома со обувки, вашите миленичиња не можат да го направат тоа. Кога влегуваат од надвор, тие со нив внесуваат сè што вие се обидувате да исчистите. За да го избегнете валкањето од нив, искористете некоја стара крпа што ќе ја чувате покрај влезната врата па секој пат кога миленичето ќе се врати од надвор, избришете му ги шепите. Ова ќе ви одземе многу малку време, но ќе направи огромна разлика.

3. Редовно мијте ги рацете

Иако веројатно веќе го правите ова, важно е да ги научите и децата како правилно да ја одржуваат хигиената на рацете, особено откако ќе се вратат од надвор. Децата допираат речиси сè со нивните раце, па понекогаш се вистински „пренесители“ на бактерии.

4. Соблекувајте ги обувките

Со обувките можете да внесете многу повеќе од земја. Микробиологот доктор Чарлс Герб направил истражување и открил дека на ѓонот на чевлите се наоѓаат повеќе од 400.000 бактерии, а дури 3.000 се наоѓаат во самите чевли. Обувките навистина се повалкани и од тоалетната школка, па најдобро е да ги соблекувате пред да влезете во домот.

Доколку се подготвувате за пролетно чистење на домот, овие совети сигурно ќе ви бидат од помош.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар