Како да го одредите вистинскиот облик на веѓи за вашето лице?
Сведоци сме на реалноста дека на некои девојки би требало да им ја забраниме употребата на пинцета, бидејќи претеруваат во кубењето на своите веѓи или воопшто ги немаат. Од друга страна пак, во модната индустрија се појавуваат многу манекенки со густи веѓи, па овој стил со голема брзина се враќа на модната и бјути сцена. Затоа денес, со помош на еден совет, ви откриваме како да го одредите вистинскиот облик на веѓи за вашето лице.
Земете обичен молив и држете го исправен покрај носот, но така што вашата почетна точка за двете веѓи да биде линијата која на сликата подолу е одбележана со број 1.
Во текот на следниот чекор, наместете го моливот да формира линија од врвот на носот низ зеницата. Ова точка треба да ја означува највисоката точка на вашите веѓи.
При третиот чекор треба да го поставите моливот во позиција од ноздрата до аголот на окото и токму таа линија означува каде треба вашите веѓи да завршат.
Кога ќе го одредите обликот на вашите веѓи на овој начин не треба да се грижите за тоа како тие изгледаат ниту дали сте претерале со кубењето или пак не.