Како да го направите овој викенд вистински одмор за душа?
Ако и вие имавте напорна недела, тогаш мора да го искористите овој викенд за одморање на вашата душа доколку сакате да се освежите и да ги наполните батериите со цел да бидете одморени и фокусирани за враќање на работа од понеделник. Погледнете ги следниве неколку идеи за квалитетен викенд одмор што ќе ве исклучат од сите работни обврски и ќе ве вратат во нормала.
1. Пишување
Без разлика дали станува збор за дневник или пак, за креативно изразување, пишувањето е еден од најдобрите начини да го исфрлите целиот стрес од вашето тело и да го одморите умот.
2. Кафе со сакана личност
Без разлика дали станува збор за член од семејството, за пријател/ка или пак, за вашиот партнер, особено ако сте биле премногу зафатени да се видите периодов – јавете им се и поканете ги на шолја кафе во вашиот дом.
3. Играње или шетање со домашниот миленик
Докажано е дека животните имаат терапевтско влијание на човекот и дека делуваат антидепресивно. Токму затоа посветете внимание на своето милениче, поиграјте малку со него или излезете на попладневна прошетка.
4. Читање книга
Ако пишувањето не е нешто што ве опушта, тогаш можеби читањето е совршената активност за вас! Нема нешто поубаво од губење низ страниците на добро напишана приказна со цел да го одморите и телото, и умот.
5. Средување на шкафот
Исфрлете сè што не сте носеле со години или што веќе не одговара на вашиот стил. Откако ќе го исчистите вашиот шкаф ќе се чувствувате многу полесно и многу поопуштено.