Како да го копирате летниот стил на единствената Одри Хепберн?
Одри Хепберн останува непресушна модна инспирација, па со отворањето на летната сезона во нашите плакари неизбежно би помислиле токму на неа. Нејзината елеганција, едноставност и префинетост е пример за тоа што значи да се биде модна икона. Еве како да го копирате летниот стил на Хепберн.
Бродска дама
Искомбинирајте шорцеви со висок струк, лесна кошула без ракави и ниски сандали со ремчиња. Толку едноставно и префинето. Токму затоа го сакаме стилот на Одри.
Слатка девојка на плажа
За да креирате класичен и безвременски изглед искомбинирајте шорцеви со вертикални риги, еднобојна маичка на прерамки и еднобојни балетанки.
Класично и женствено
Дојде време за аксесоарите. Како основа за овој изглед одберете едноставен еднобоен краток фустан и привлечете внимание со аксесоарите. Искомбинирајте марама со дезен со точки, мали округли обетки, очила со мачкест облик, каиш во иста боја со марамата и голема чанта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.