Како да го избегнете мамурлакот за новогодишните празници?

Како да го избегнете мамурлакот за новогодишните празници?

Периодот во кој се слават новогодишните и божиќните празници, најчесто е проследен со многу алкохол. Се дури се слави, никој нема никаков проблем, но утрото после една весела вечер со алкохол е мачниот период. Тогаш сите велат дека тоа било нивото последно консумирање алкохол. Нормално, мамурлакот е многу мачна состојба, но сепак постојат начини како да го избегнете. Д-р Арон Мичелфердер од Универзитетот Лојола нуди неколку трикови како да се справите со ова грозно чувство. Сè што треба е да ги следните неговите инструкции.

Како да го избегнете мамурлакот за новогодишните празници

Пред забавата:

Испланирајте како да пиете умерено. Ова значи дека за период од 3 часа, најдобро е да се испијат 5 пијачки за машки и 3 за девојки. Поволно е однапред да знаете каков алкохол ќе пиете и да не мешате неколку видови пијалаци.

За време на забавта:

  • Прво јадете па потоа пијте, никако обратно. Храната ја забавува апсорпцијата на алкохолот.
  • Пијте бавно, не брзајте.
  • За да се заштитите од дехидрирање, после секој алкохолен пијалак пијте по една чаша вода.
  • Напијте се витамин Б.

По забавта:

  • Не возете 🙂
  • Наспијте се убаво, не станувајте по само неколку часа спиење.

Следното утро:

  • Напијте се уште еден витамин Б.
  • Пијте многу вода.
  • Направете еден тренинг, доколку можете. За време на вежбањето крвта циркулира низ телото три пати побрзо, отколку при седењето на кауч. Колку побрзо крвта исциркулира низ црниот дроб и бубрезите, толку побрзо ќе се ослободите од токсините во крвта.

Не е препорачливо:

  • Пиење кафе, бидејќи може ќе ве направи суперактивни, но мамурлакот ќе ви остане.
  • Не водете се по народната „клин со клин се избива“. Доколку мислите дека со уште алкохол ќе го победите мамурлакот, само ќе си направите поголем проблем.

Прочитајте уште неколку бонус совети за одговорно консумирање алкохол за време на празниците.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар