Како да ги употребите старите весници и списанија?

Како да ги употребите старите весници и списанија?

Прочитајте како да ги употребите старите весници и списанија (освен за авиончиња) кои веќе сте ги прочитале и ви фаќаат прашина и беспотребен простор.

Зрели домати

Ова е одличен и практичен начин  како да ги употребите старите весници. Ако сте купиле домати кои се недозреани (не зелени, туку бледо црвени) само завиткајте ги во една хартија од весник и оставете ги два до три дена. Кога ќе ја одвиткате хартијата, тие ќе бидат зрели и сочни.Како да ги употребите старите весници и списанија?

Завиткување подарок

Завиткувањето подарок во листови од весници и списанија може да биде навистина забавно и необично. Подарокот ќе изгледа примамливо и интересно. Подароците виткајте ги на истиот принцип како да ги виткате со украсна хартија. Секако, ова применете го за некои неформални забави, дружења и родендени. За поформалните забави, убаво е да донесете подарок кој е елегантно запакуван.Како да ги употребите старите весници и списанија?

Направете работна површина

Ако се занимавате со уметност, цртање, моделирање и слично, сигурно не сакате вашето биро или работна маса да биде извалкано од бои, материјали, глина. Затоа, обвиткајте ја работната маса или масата на која работите со стари списанија или весници. Така, вашата маса нема да се оштети или извалка.Како да ги употребите старите весници и списанија?

Подметачи за чинија

Ако сакате вашата забава да биде интересна и несекојдневна за пријателите, еве нешто интересно што може да направите со старите списанија. Наместо класичните подметачи за чинии и чаши, може како подметач да ги искористите омилените страници од списанието. Освен што ќе бидат идеални за да не се извалка масата, тие ќе бидат и интересни за гостите и пријателите.Како да ги употребите старите весници и списанија?

Суви чизми

Ова е супер начин за користење на старите весници. Ако вашите чизми се измокрени од дожд или снег и не можат да се исушат за брзо време, стуткајте неколку листови од весниците и ставете ги во внатрешноста на чизмите, како и листови хартија врз нив.Како да ги употребите старите весници и списанија?

Чисти фиоки

Исечете ги насловните страници од списанијата и залепете ги на долниот дел од внатрешноста на фиоките. Така ќе го зашитите дрвото од мастило од пенкала, моливи, остри предмети и други работи кои може да го оштетат.Како да ги употребите старите весници и списанија?

Фрижидер без непријатна миризба

На долниот дел од фрижидерот, залепете неколку листови од весник. Тие постепено ќе ја впиваат непријатната миризба која ќе се создава од изгниени овошја и зеленчуци, солила, месо, кромид и лук.
.

Завиткување книги

Книгите земени од библиотека завиткајте ги со листови од списанија. Така тие нема да се оштетат. Истото ова направете го со книги кои вам ви се драги и вредни. Така, ќе се погрижите корицата да остане неоштетена.Како да ги употребите старите весници и списанија?

Плико од списание

Понекогаш белите, сини и црвени пликоа се досадни. Пробајте да направите плико од шарена страница од списание. П.С. Не се грижете. Пликото ќе ви го примат во пошта.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Jas Reply

    Samo zaboravate edna rabota. Vesnicite se polni so olovo od pecatarskata boja i koga ke dojde vo dopir so hrana ili race preminuva na niv i od tamu vo organizamot. A nema potreba da se kaze deka olovoto ednas navlezeno vo coveckiot organizam veke ne izleguva od tamu, tuku si se skladira vo koskite.
    Zatoa najdobro odnesete si gi na recikliranje ili vo najbliskata pecatnica! 🙂

  2. Теодора Трповска Reply

    Да, ако доматите и храната која ја јадеме е органска. И воздухот кој го дишеме е чист и незагаден. Бидејќи ништо од тоа не е така, ова со доматов не е толку страшно. Може прво да се завитка во обична хартија (за печатење, ако таа пак е добра) па после во весник.

  3. magarence Reply

    jas sum od Veles, veruj mi nemas maka od olovoto edino so si potezok, pospor a i pobrzo tones

  4. caci Reply

    A dosta se korisni i za brisenje na prozorci duri ne e potrebna krpa dovolno e samo so sredtvo za cistenje da se naprska prozorecot i da se izbrise so vesnik i ne ostava vlakna kako krpata 🙂

Остави коментар