Како да ги спречите пајаците да влезат во вашиот дом оваа есен?
Ако се плашите од пајаци, веројатно многу вечери сте поминале пребарувајќи на Интернет како да ги спречите да влезат во вашата куќа. Па, што навистина можете да направите за да ги задржите овие животни надвор од вашиот дом?
Според едно мало истражување објавено во списание за економска ентомологија минатата година, биле тестирани три природни лекови за кои често се зборувало дека ги бркаат пајаците: масло од лимон, од нане и мирис на диви костени, а се сметало дека се ефикасни при бркање на женките.
Истражувачите забележале дека маслото од лимон најчесто се споменува на Гугл, но не откриле докази дека има влијание врз пајаците. Сепак, маслото од нане имало ефекти врз два од трите вида пајаци врз кои било спроведено истражувањето, бркајќи ги пајаците во повеќе од 75% од тестовите. Дивите костени имале благо дејство врз истите два вида пајаци.
Од друга страна, ученици од Велика Британија добиле награда од Кралското хемиско друштво за истражувањето дали пајаците навистина бегаат од диви костени. Според нивниот мал експеримент, теоријата со костените е бесмислица затоа што пајаците не покажувале апсолутно никакви знаци на страв.
Сепак, постојат неколку други решенија.
Мачките можат да завршат прилично добра работа при ловење и јадење пајаци. Ако пајакот не е од отровен вид, мали се шансите да ѝ биде лошо на вашата мачка.
Редовното чистење на куќата може да ви помогне во отстранувањето на пајаците, колку и да звучи досадно. Нивните гнезда можете да ги отстраните со правосмукалка или со бришење прашина на подот.
Исто така, можете да ги спречите пајаците да влезат во вашата куќа со затворање на пукнатините на ѕидовите. Вратите и прозорците нека ви бидат затворени колку што е можно почесто.
Погледнете ги овие 10 совети што ќе ви помогнат да ги перете алиштата како професионалец.