Како да ги спречите најчестите проблеми со стапалата?
Стапалата ја носат целата тежина на нашето тело, а ние ги туркаме во сите видови чевли и често ја запоставуваме нивната состојба. Сепак, кога ќе се појави проблем, тешко можеме да го решиме самостојно, па во продолжение ќе прочитате како да ги спречите болните состојби на нозете.
Кои се најчестите болни состојби со стапалата?
Ако ги исклучиме повредите и акутните состојби, најчестите проблеми што се јавуваат во областа на стапалото се проблемите предизвикани од несоодветни обувки или синдроми на преголем напор. Синдромите на преголем напор се јавуваат претежно кај рекреативни и професионални спортисти и најчесто вклучуваат промени во тетивите. Кај помладите луѓе, а особено кај децата и адолесцентите, најчесто се среќаваме со т.н. рамно стапало.
Колку влијаат обувките што ги носите врз здравјето на стапалата?
Несоодветните обувки се една од најчестите причини за промените што се случуваат на нозете. Чевлите со високи потпетици директно влијаат на деформитетите на стапалата, а со тоа и на здравјето на стапалата. Луѓето кои носат несоодветни обувки подолго време имаат поголем ризик да развијат вакви проблеми.
Какви чевли треба да носите?
Обувките што ги носите треба да бидат удобни, меки и анатомски приспособени. Затоа е потребно да пробате многу модели пред да го изберете оној во кој се чувствувате најдобро, односно да не чувствувате стегање или притисок на кој било дел од стапалото.
Кои негативни модели на однесување може да доведат до проблеми со стапалата?
Понекогаш, спортистите, но и сите други, ги игнорираат првите симптоми што укажуваат на одреден проблем и продолжуваат да тренираат или да ги иритираат структурите. Таквиот став може да доведе до развој на хронични состојби кои потоа се многу потешки и подолго се лекуваат. Важно е да побарате стручен совет колку што е можно поскоро.
Каква врска има здравјето на стапалата со целиот организам?
Проблемите со стапалата и болките што може да се појават често ја менуваат целосната биомеханика при одење. Таквата промена може да доведе до проблеми со колената, колковите и ‘рбетот. Важно е да го забележите проблемот навреме и да се обидете да го решите, со цел да се спречат дополнителни проблеми.
Одредени третмани на физикална терапија и ладни облоги помагаат при акутни воспалителни процеси. Вежбите за зајакнување на лакот на стапалото, како и на мускулите на прстите може да помогнат на долг рок, но важно е да се изведуваат правилно. Во ситуации каде што деформацијатата на стапалото е голема и има поголем функционален проблем, изборот на третман може да биде хируршка корекција на деформацијата.
Прочитајте зошто треба да спиете со откриени стапала.