Како да ги поедноставите врските во вашиот живот
Сѐ што ни се случува е резултат на нашето однесување и нештата кои ги правиме и чувствуваме. Навистина, не може да се влијае на сѐ бидејќи некои работи не се во наши раце, но за сите оние кои се, ние сме тие кои одлучуваме како да се справиме со нив и колку тие ќе влијаат на нас. Ова важи и за врските кои ги градиме. Тие ќе бидат комплицирани колку што сме и ние што повлекува дека навистина ќе почнеме да уживаме во нив дури кога ќе решиме што навистина ни е важно. Понатаму сѐ ќе оди многу полесно. Еве неколку совети како да ги поедноставите работите:
Не ја барајте и не ја очекувајте љубовта и поддршката од други кога вие сте тие кои можете да си ја дадете себеси
Самодоверба, самопочит и самољубов пред сѐ.
Прифатете ги своите маани така што ќе се соочите со нив
Ниту една врска не може да функционира сѐ додека партнерите не станат свесни за своите доблести и недостатоци.
Престанете постојано да се споредувате со други луѓе
Сите сме различни, па логично е сите различно да функционираме и тоа не значи дека нешто не е во ред со вас.
Оставете ги другите да бидат тоа што се
Добрата врска бара две работи, а тие се ценење на сличностите, но и почитување на разликите меѓу партнерите.
Бидете почувствителни
Ладнокрвноста не води никаде, а дури и кога не се чувствувате убаво обидете се да бидете фини со останатите.
Изразувајте љубов почесто
Делата зборуваат многу повеќе од зборовите, а некогаш ни е потребно токму тоа, да почувствуваме нечија љубов и разбирање.
Престанете да ги осудувате другите
Зошто мислите дека сте подобри од другите? Заборавете на момент на осудата која сте ја подготвиле и обидете се навистина да погледнете во некого.
Почнете да верувате дека правите разлика
Вие сте некој и нешто за луѓето на кои им значите, па и тоа што го правите, дури и кога не ви изгледа така, навистина влијае на нив.
Една изгубена битка не значи изгубена војна
Ако нешто не ви излегло како што било предвидено и замислено, не дозволувајте да ви го расипе целиот ден. Многу работи не го заслужуваат тоа.
Почнете да го правите тоа што е исправно за вас
Вие сте си сами себе на прво место. Потоа останатите. Бидејќи како поинаку можете да му помогнете на некој друг?
Не мора секогаш да сте во право
Прифатете дека не секогаш вашето решение е она вистинското и помирете се со тоа.
Запрашајте се дали тоа што го правите повредува некого
Сѐ што правите е во ред сè додека тоа не повредува никого.
Надворешната убавина не е толку важна
Фокусирајте се за промена на тоа каква личност сте и дали ако вие бевте на спротивната страна ќе сакавте да бидете со некој како вас?
Посветувајте поголемо внимание на малите нешта
Тие се работите кои на крајот на денот нè радуваат така? Кога ќе почнете почесто да ги забележувате и применувате, сѐ некако ќе биде поубаво.
Не ги присилувајте другите на нешта кои не им се допаѓаат, а ни вие не ги толерирајте оние кои ви го прават тоа на вас
Присилувањето и убедувањето на сила само ја зголемуваат јамата меѓу луѓето.
Поддржувајте ги другите повеќе
Некогаш самата поддршка може да смени многу, а е неизмерно потребна секому. Дадете им до знаење на оние кои ви значат дека забележувате и дека сте тука за нив.
Престанете да земате сѐ при срце
Обидете се за промена да ги согледате работите од друг агол. Можеби тоа што ви е кажано или направено нема никаква врска со вас.
Искрените грешки заслужуваат преодна карта
Не мора за секоја можна и најмала грешка да се лутите. Уште ако е и ненамерно направена, тогаш вреди да се занемари.
Не драматизирајте толку
Не е можно сѐ да го заслужува истото внимание ниту, пак, вие мора сѐ да анализирате како да е крај на светот.
Простете си за болката која сте ја нанеле во минатото
Чувството на вина и жал навистина тежи дури и премногу, а ќе се ослободите од него само кога ќе си простите себеси.
Не очекувајте премногу
Очекувањата носат разочарувања, а тие не се никогаш добри. Ценете го тоа што го имате и работете на останатото со надеж, но немојте да очекувате ништо од никого.
Бидете искрени за вашите чувства
Кога навистина ќе можете да бидете искрени за тоа како вие се чувствувате, тогаш ќе можете да поставите основа за цврста врска.
Тргнете се од луѓе кои ве омаловажуваат
За жал, секогаш ќе постојат такви луѓе. Но изборот е ваш дали ќе им дозволите да ве омаловажуваат или ќе заборавите на нив и ќе почнете навистина да верувате во себе.
Дајте си го целото одобрување кое ви е потребно
За некои работи ни се потребни неверојатно многу сила, одлучност и секако, нечие одобрување. Вие ги поседувате сите овие работи.
Не кажувајте да ако мислите не
Кажувајте го својот став јасно и гласно и изборете се за тоа што го сакате и можете.
Комуницирајте појасно
Никој не е видовит и не чита мисли, па мора да ги изразувате мислите и чувствата и да кажувате што ви лежи на душа. Чувањето во себе може да ги влоши работите.
Не сте секогаш вие центарот на случувањата
Дозволете им и на другите да дојдат до збор и за промена ислушајте ги вие нив.
Започнете да живеете со 100 проценти интегритет
Бидете искрени и верни на својот збор и кон другите. Направете ја исправната работа. Интегритетот е патот кон успехот и многу поедноставниот живот.
Добрите врски не паѓаат од небо. Тие се градат од темел и потребни се волја, трпение и разбирање и од двете страни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.