Како да ги отстраните сите бактерии и пестициди од јагодите, малините и другите ситни плодови?
Овошјето што го купувате може да биде полно со бактерии, па затоа треба да го измиете добро пред да го јадете.
Најпрво, пред да го земете овошјето во вашите раце, измијте ги. Нема смисла да го измиете овошјето, ако повторно ги пренесете на него бактериите што се на вашите раце.
Потоа следува миењето на овошјето. Нежно тријте го овошјето под млаз вода, а можете да користите и чист сунѓер на кој нема да нанесете детергент. Дури и излупените портокали треба да се мијат, бидејќи лесно можете да ја пренесете нечистотијата од лушпата на пулпата што ја јадете.
Мали плодови
Јагодите, малините, грозјето и другите мали плодови се најтешки за миење бидејќи се меки и не можеме убаво да ги истриеме со рацете.
Алкохолниот оцет е одличен за убивање на сите штетни микроби на овошјето. Исто така, поради својот состав, сода бикарбоната е добро средство за извлекување на штетните токсини од овошјето, а тоа беше потврдено со новото истражување на Универзитетот во Масачусетс.
Најпрво ставете го овошјето да стои 20 минути во оцет. Потоа, може да го исплакнете и да го ставите во раствор од сода бикарбона и вода најмалку половина час, а потоа да го исплакнете со чиста вода.
Погледнете како да направите вкусен шејк од шумско овошје.